БлогРазно10 предности на жена планинарка

10 предности на жена планинарка

06 Февруари 2018
10 предности на жена планинарка

Жената планинарка е посебно суштество - таа не може да остане незабележана. Таа има длабока поврзаност со природата, страст со кој се впушта во авантура, ентузијазам со кој приоѓа кон сè, и преовладува со адреналин. Сите овие карактеристики ја прават нејзината слика разновидна и привлекуваат внимание на сите околу неа.

Ветрот во косата, пламенот во очите на оваа жена, и нејзиниот слободољубив темперамент ја прават неодолива.

Но листата на квалитети кои жената планинарка може да ги стави во секое мало џепче од нејзиниот мал ранец е доста долга:

Креативна - таа е жена која видела многу места, возбудена од многу прекрасни погледи. Таа има богата имагинација и може да стори од ништо - нешто. Навикната е на посурови животни услови, може да создаде пријатно место од најнепријатното место. Со неа никогаш нема да бидете гладни. Ако сте научени да останете во планина, бидете сигурни дека ќе зготви нешто вкусно за јадење, дури и со неколкуте производи кои ги има.

Има листа со неверојатни места на кои што може да ве заведе - овие жени се навикнати да ги следат нивните инстинкти. Тие не се грижат да тргнат и по недопрени патеки, што често водат до прекрасни места, досега недопрени.

Таа е спонтана - во планина нема ништо сигурно, нема рутина. Авантурите доаѓаат една по друга и ако планината не ги понуди, таа е во состојба да ги создаде сама! Никогаш не е здодевно со неа!

Ако не знаете како да го поминете своето време, таа ќе ви даде најмалку 20 идеи - има многу активен животен стил. Таа секогаш бара нови искуства и предизвици. Ако сакате да водите возбудлив начин на живот, сигурно ќе ви биде инспирација.

Никогаш не се предава - ако постои силна жена, која нема да се предаде, без разлика каков е предизвикот, таа е планинарка. Секој ден на планина е тест за духот и за телото. И да се откаже, за неа тоа не е опција - таа секогаш ги постигнува своите цели!

Невообичаена е, нема друга како неа - не ги сака клишеата. Таа е обожавател на уникатните работи - уникатните знаменитости, уникатните искуства, индивидуалноста. Многу е важно да не биде една од многуте, па затоа има свој стил. Таа има индивидуален пристап кон сите и го очекува истото за возврат.

Умее да ги оцени гестовите - нејзината врска со планината ја научи да ги препознае важните работи во животот. Исто така да ги оцени работите. Таа ужива во сите мали работи на кои градската девојка дури и не обрнува внимание. За неа секоја мала погодност, секој гест е важен и вреден.

Таа е во хармонија со самата себе - што е за почит. Внатрешната хармонија е исто така видлива однадвор. Таа се сака самата и сите други, таа ужива во животот и живее до максимум, таа е среќна и се обидува да ги направи сите среќни околу неа.

Убава е и секогаш во форма - времето поминато на планина се одразува добро. Чистиот воздух и пропешачените километри низ планинските патеки со тежок ранец придонеле многу за обликот во кој се наоѓа! И позитивните емоции се причина за нејзината вечна насмевка што ја прави толку убава!

Таа е пријатен соговорник - на планина таа среќава многу луѓе со поинаков поглед на светот, од кои таа учи многу нови и интересни работи. И планината нуди толку многу авантури што може да се обложи дека има многу богат извор на интересни приказни кои може да Ви ги раскаже.

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре