БлогОд височините7 инспиративни жени кои први стоеле на највисоките врвови на светот

7 инспиративни жени кои први стоеле на највисоките врвови на светот

09 Март 2018
7 инспиративни жени кои први стоеле на највисоките врвови на светот

Овие жени се голема инспирација на сите кои тежнеат да го достигнат она што им се чини недостижно.

Ви ги претставуваме планинарките кои ги освоиле светските врвови како први во „категоријата“ понежен пол.

Ванда Руткивиц

Зошто? Таа е прва жена која успеала да го искачи вториот највисок врв во светот, К2, без дополнителен кислород.

Оваа Полјакиња прв пат се искачила на Монт Еверест во 1978 година. Била прва Европејка која го извела тој потфат. Осум години подоцна следеше успехот по кој стана најпозната - искачување на вториот највисок светски врв, за многумина поопасен од Монт Еверест - К2. За нејзиниот успех да биде поголем, таа тоа го направи без дополнителен кислород. За жал, при спуштањето загинаа нејзините партнери, Лилијан и Маурис Барард. Тоа лето на К2 загинале 13 души.

За жал, ваквата судбија сепак и неа ја стигнала. Во 1992 година тогаш 49-годишната планинарка последен пат е видена жива на Кангченџунга. Мексиканскиот планинар Каролс Карсолио последен пат разговарал со неа. Не успеал да ја убеди да се врати од засолништето на северозападната страна на планината, иако била многу слаба. До ден денес не се знае дали успеала да се искачи на третиот највисок светски врв. Телото никогаш не и беше пронајдено.

Едурн Пасабан

Зошто? Таа е првата жена која успеала да ги искачи сите 14 осумилјадарки.

Оваа Баскијка во 2010 година влезе во историјата станувајќи прва жена која ги искачила сите светски врвови повисоки од 8000 метри. Качуваше 9 години, а нејзиниот прв врв беше на Монт Еверест.

До тој наслов не дојде едноставно. Имено, само пред нејзиното последно искачување, корејската планинарка Ох Еун-сун објави дека го искачила својот последен осумилјадарник - Канченџунга. Но, Пасабан во разговор со Шерпасите кои качуваа со Корејката дозна дека не се искачила скроз до врвот. Јужнокорејската качувачка федерација и даде за право на Пасабан откако го докажа тоа, а Ох призна дека се откажала пред врвот поради лоши временски услови.

Џунко Табеи

Зошто? Прва жена на највисокиот врв на светот и прва жена која ги искачила сите највисоки врвови на сите континенти.

Јапонската планинарка Џунко Табеи во почетокот на 70тите години од 20тиот век стана призната и позната планинарка во својата земја. Пред тоа многу нејзини колеги одбивале да качуваат со неа, а некои тврдеа дека со качување се заминава само за да најде сопруг. Колку пати се излажале таа им докажа во неколку наврати, а особено во 1975 година. После долгиот тренинг, таа се упати по експедицијата на Едмунд Хилари и Тензинг Норгај. Додека кампувале на 6300 метри ги затрупала лавина. Табеи била во несвест шест минути, додека нејзиниот Шерпас не ја откопал. Дванаесет дена подоцна, таа застана на врвот на светот.

Табеи 17 години подоцна стана и првата жена која се искачи на највисоките врвови на сите седум континенти. Почина во 2016 година на 78 години.

Герлинда Калтенбрунер

Зошто? Таа е прва жена која ги искачила сите 14 осумилјадарки без дополнителен кислород и помош од Шерпаси.

Австријската планинарка на 32 години веќе искачила четири осумилјадарки. Тогаш се одлучи дека ќе стане професионалец и ќе се посвети кон планинарењето со цело работно време. Стана првата жена која ги искачиле сите 14 светски врвови повисоки од 8000 метри без помош од дополнителен кислород, а втора жена на која тоа и успеало. National Geographic во 2012 година и додели престижна награда за истражувач на годината.

Лакпа Шерпа

Зошто? Таа е жена која најмногу пати се искачила на највисокиот врв на светот.

Лакпа Шерпа се искачила на Монт Еверест седум пати, повеќе од секоја планинарка на светот. Прв пат се искачила во 2000 година како прва Непалка која го направила тоа и преживеала. Интересно, во 2003 година на врвот се искачи со братот и сестрата, 15 годишњаци. Нејзината сестра стана најмладата личност која се искачи на Монт Еверест.

Кетрин Моник Сузан Дестивел

Зошто? Таа е прва жена која сама успеала да се искачи на северната страна на Ајгер.

На нејзини 32 години оваа Французинка сама успеала да се искачи на озогласената северна страна на оваа алпска планина. Во зима. За овој исклучително тежок потфат и требале 17 часа. На нејзини 17 години, таа успеала да се искачи на многу високи и тешки врвови повисоки од 3500 метри. Во 1992 година стана првата жена оја се искачи на северната страна на Ајгер, на која до ден денес загинале повеќе од 60 алпинисти.

Лидија Бредли

Зошто? Таа е првата жена која се искачила на Монт Еверест без дополнителен кислород.

Новозеландската планинарка во 1988 година е забележана како првата жена која без дополнителен кислород се искачи на највисокиот светски врв. Искачувањето било контроверзно - немала дозвола за искачување па и претела 10-годишна забрана од непалските власти. Затоа рекла дека не се качила на врвот, но подоцна го повлече тоа. Досега се искачила на Монт Еверест четири пати.

Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре