БлогМеста за посетаДенали - најстудената планина на светот

Денали - најстудената планина на светот

30 Јануари 2018
Денали - најстудената планина на светот

Со висина од 6194 метри над морето, Денали претставува голем предизвик за алпинистите и планинарите од цел свет.

Највисоката северноамеричка планина Денали важи и за најстудената на светот.

Причината за тоа е географската положба, речиси 200 километри јужно од северниот пол. Кога Хималаите би биле толку високо на север експертите велат дека би било невозможно да се искачи Монт Еверест.

Denali

Речиси секоја година Денали ја покажува својата немилосрдност земајќи неколку човечки животи. Планината се наоѓа во внатрешноста на Националниот парк Денали. Денали е огромен. Се протега на 6 илјади квадратни километри и е најпознат национален парк во Алјаска.

На јазикот на алјаскиот домородски народ Атабаска, Денали значи „голем“, а се однесува на самиот врв. Највисоката планина на Северна Америка првобитно се викала Денали. Во 1896 година извесен копач на злато го променил името во Маунт Меккинли во чест на гувернерот на државата Охио, Вилијам Меккинли кој година дена подоцна станал претседател на САД. А на крајот повторно го вратиле првичното име Денали.

Denali

Домородците од Алјаска во 1980 година протестираа, барајќи враќање на нивното име. Нивното име и највисоката планина не биле променети во тоа време. Само националниот парк Маунт Меккинли бил преименуван во Денали.

Силните ветришта го отежнуваат искачувањето на планинарите - секоја година повеќе од 1200 алпинисти пробуваат да се искачат на врвот, но половина успеваат во тоа. Планината е позната по величенствените погледи, а самата планина е исечена со глечери и цела година е прекриена со снег.

Denali

На Денали познати се околу 30 рути. Поголемиот дел од планинарите качуваат преку западниот гребен (West Buttress) од причина што објективните опасности се најмали. Има доста леднички пукнатини и на поедини делници постојат опасности од лавини.

Нормалната качувачка сезона трае од средината на април до средината на јули, а најпопуларен период е од 15 мај до 15 јуни. Во принцип, почетокот на сезоната е студен, особено во високите делови на планината. Подоцна во текот на сезоната, многу качувачи во ниските делови на планината за искачување ги користат доцните попладневни или ноќните часови кога снегот ќе замрзне.

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре