БлогОд височинитеДенес се одбележува Меѓународниот ден на планинарите

Денес се одбележува Меѓународниот ден на планинарите

07 Март 2018
Денес се одбележува Меѓународниот ден на планинарите

Денес во светот се одбележува Меѓународнот ден на планинарите со кој се укажува на огромното еколошко и економско значење на планините.

„Од првото забележано искачување, од планинарските побуди, на Франческо Петрарк во 1363 година на Монт Вент во Франција, планинарите живеат со планините се до ден денес. Секогаш им е тешко да им објаснат на другите луѓе што прават на планините...“

Планините се извор на големи реки, резервоари со најчист воздух и станици со голем број билни и животински видови. Исклучително е економското значење на планините, кое се огледува преку богатството на рудниците, минералите и шумите.

„Почнувајќи од најмалите ридчиња, па до моќните врвови на Алпите, Андите и Хималаите, планините се желба на луѓето, а за некои народи претставуваат и свети места“.

Потсетуваме дека уште пред десетина години ООН ја назначија неопходноста за свесност на луѓето за значењето на планините и нивното влијание за квалитетот на животот за целокупното светско население.

Планинарењето не е бесцелно лутање по ридовите и освојување на веќе освоени врвови од кои и онака мораме брзо да се симнеме, напротив, планинарењето е начин и стил на живот, низ активности на кои на современиот човек животот му го прават позгоден, интересен и над се поубав.

Да се биде планинар значи да се обиколи и да се запознае убавината на Земјата, да се ужива во прекрасните планински видици, да се стекнат нови пријатели. Заминувањето во природа и движењето на чист планински воздух претставува активен начин на одмор, со вложен физички напор, човекот се исполнува со нова сила и задоволство.

Масовните планинарски походи настанале во 19 век, а првите планинарски потфати подразбираа исклучително движење во природа, за разлика од денешните широки активности кои се протегаат од планинарството и алпинизмот до спелеологијата, ориентацијата и трекингот во природа.

Планинарењето на прво место е начин и стил на живот, а после тоа и низа активности. Основните мотиви за планинарење се човечката желба за поголеми движења, запознавање на природата, просторот и нови луѓе, со осовјување на нови врвови, потреби за рамнотежа и задоволство.

Вистинските љубители на планините, целта и содржината на планинарењето ги гледаат во задоволството, со тоа градејќи физички и духовен раст.

Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре