БлогРазноФилмови во кои ќе ужива секој кој сака авантури, планини, качувања

Филмови во кои ќе ужива секој кој сака авантури, планини, качувања

17 Април 2018
Филмови во кои ќе ужива секој кој сака авантури, планини, качувања

Кои филмови да ги гледате ако сакате авантура, планини, високогорство и качување? За вас одбравме 10-тина во кои веруваме дека доста ќе уживате. Со напомена дека се трудевме тоа да бидат филмови кои се достапни на широката публика и дека немора да го пребарувате секое ќоше на интернетот за да дознаете каде и како да ги погледнете.

Touching the Void, 2003

Вистинска приказна направена според истоимената книга која говори за искачувањето на двајца алпинисти на Сиула Гранде, врв на Андите. Џо Симпсон кај врвот ја крши ногата и Симон Јејтс е присилен да го остави за да преживее. Следните три дена Симпсон се бори за живот, додека Јејтс го јаде вина.

Meru, 2015

Документарец за првото искачување на Меру во индискиот дел на Хималаите. Тројца високогорци пробуваат да искачат 1300 метарски планински „ѕид“ познат под името „Shark's Fin“ (пераите на морското куче). Еден од нив, Џими Чин, го документира искачувањето.

Sherpa, 2015

После големата тепачка меѓу Шерпасите и европските качувачи во 2013 година, филмографите следната година отпатуваа на Еверест за да направат приказна од таа случка од перспектива на Шерпасите. Наместо тоа забележуваат една од најголемите трагедии во историјата на овој врв.

127 Hours, 2010

Качувачот Арон Ралстон останува заробен на карпа, далеку од цивилизација во американската држава Јута. Ќе направи нешто застрашувачко за да преживее. Филмот е снимен според мемоарите на Ралстон, а Џејмс Франко е одличен во главната улога. Единствен во нашиот избор кој не се одвива на врвови покриени со снег.

Nordwand, 2008

Двајца германски војници и алпинисти за време пред Втората светска војна со велосипеди тргнуваат од Германија до швајцарскиот Ајгер со цел да успеат да го искачат злогласниот „северен ѕид“. Со исклучок на љубовната приказна, филмот се заснова на вистински случки.

Everest, 2015

Холивудскиот филм е направен според вистинската приказна од 1996 година, кога две експедиции под водство на Роб Хал и Скот Фишер тргнуваат во освојување на Еверест. Силна и тажна приказна за преживувањето.

The Wildest Dream, 2010

Докуемнтарна реконструкција која споредено зборува приказна за првото непотврдено искачување на Монт Еверест од Џорџ Малори и Конрад Анкер, кој 75 години подоцна го пронаоѓа неговото смрзнато тело.

K2, 1991

Игран филм за американска експедиција финансирана од еден милионер, а пробува да го освои еден од најоопасните светски врвови и втор највисок врв во светот - K2.

Nanga Parbat, 2010

Биографска драма за трагичната експедиција на Нанга Парбат каде загинува помладиот брат на легендарниот високогорец, Рајнлод Меснер.

Third Man on the Mountain, 1959

Изработка на Дизни за момчето кое пробува да го оствари својот сон и да се искачи на алпскиот врв Матерхорн, каде загинал неговиот татко.

Тагови:
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре