БлогОд височинитеИсчезна алпинистот Бојан Петров

Исчезна алпинистот Бојан Петров

07 Мај 2018
Исчезна алпинистот Бојан Петров

Веќе неколку дена е исчезнат бугарскиот алпинист Бојан Петров, објави неговата сопруга Радослава Ненова на Фејсбук.

Овој период тој е во обид да се искачи на осумилјадарката Шиша Панга на Хималаите кога времето остро се влошило.

Шиша Панга (8027 мнв.) е еден од најниските осумилјадарки. Неговото тибетско име значи „Планина на пасиштата“, но почесто се употребува индиското име кое во превод значи „Светиот манастир“.

Според Радослава Ненова, Бојан заминал еден ден пред другите планинари, па кога тие стигнале до третиот камп, во тој момент тој веројатно се качувал кон врвот.

Според зборовите на Ненова сателитскиот телефон на Бојан Петров останал во базниот камп и поради оваа причина неговите колеги не можат да стапат во контакт со него.

Засега не е можна спасувачка акција, рано изутрина спасувачки тим ќе тргне во потрага, пишува сопругата на Бојан Петров на нејзиниот Фејсбук профил.

Организаторот на експедицијата, со која што Бојан Петров тргнал кон Шиша Пангма, изрази надеж дека бугарскиот алпинист е жив.

Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре