БлогСоветиКаква е врската помеѓу планинарењето и вашето ментално здравје?

Каква е врската помеѓу планинарењето и вашето ментално здравје?

06 Март 2018
Каква е врската помеѓу планинарењето и вашето ментално здравје?

Научниците доакажале дека планинарењето го менува нашиот мозок. „Мирот на природата ќе се впие во тебе како што сонцето се влева во дрвјата. Ветровите ќе ја вдахнат својата свежина во тебе, а бурите својата енергија, додека грижите ќе се исфрлат како есенски лисја“, напиша Џон Мјур во списанието „Наши национални паркови“. Џон Мјур јасно ја сфатил суштинската вредност на „трошењето“ на времето во природа.

Многумина од нас знаат дека пешачењето во природа е добро за телото, умот и душата. Движејќи низ шума со почит кон шаренилото на птиците и лисјата, мирисот на смреките и боровите и слушањето на смирувачкиот шум на потоците едноставно нашиот ум ќе се исчисти и ќе влијае врз доброто чувство. Истотака, многу студии покажуваат и кон предноста за менталното здравје.

Пешачењето во природа ја намалува руминацијата

Оние кои премногу размислуваат или премногу се фокусираат на негативните мисли за себе, можат да развијат анксиозност, депресија и други проблеми, како што се пренагласеноста или посттрауматските стресни пореметувања. Во неодамнешна студија, истражувачите истражуваа дали престојот во природа влијае врз овие проблеми, и открија дека пешачењето во природа ги намалува опсесивните и негативни мисли.

Во оваа студија, истражувачите ги споредија извештаите на учесниците кои пешачеа низ урбаните средини и оние учесници кои биле во природа. Открија дека оние кои пешачеле 90 минути во природа, имале намалени невронски активности во субгенуалниот префронтален кортекс кој е поврзан со менталните болести. Оние кои пешачеа низ урбаните средини ги немале овие резултати.

Овие резултати укажуваат на тоа дека нашата свест станува се повеќе и повеќе урбана и дека урбанизацијата е поврзана со депресија и други облици на ментални болести. Видно е дека бегството од урбаните средини, и поминувањето на времето во природа, каде менталниот стрес е намален, бучавата е помала и има помалку пречки може да биде предност за нашето ментално здравје.

Планинарењето и отфрлањето на технологијата го зголемува креативното решавање на проблемите

Според студијата на Рут Ен Ечлеи и Дејвид Л. Стреер, креативното решавање на проблемите може да се поправи со отрфлање на технологијата и повторното поврзување со природата. Во оваа студија, група учесници поминале четири дена во природа, и им било забрането да користат технологија (мобилни телефони, таблети и сл.). Тие биле замолени да извршуваат задачи кои побаруваат креативност и сложено решавање на проблеми. Открија дека оние кои биле вклучени во планинарските излети го зголемиле своето влијание во текот на решавање на проблемите за 50 проценти.

Резултатите покажуваат дека технологијата и бучавата во градските подрачја постојано го бараат нашето внимание и го одвлекуваат нашиот фокус, и негативно влијаат на нашите когнитивни функции. Поради тоа, кога се чувствуваме дека сме преплавени од стрес на градскиот живот во кои сме вклучени 24/7, прошетката во природа може да биде силен лек. Таа го намалува нашиот ментален замор, го смирува нашиот ум и ни помага да останеме креативни.

Планинарењето на отворено може да го подобри ADHD кај децата

Хиперактивноста или пореметувањето на вниманието (ADHD) е често пореметување кај децата. Оние кои имаат ADHD воглавно имаат проблем со фокусот, лесно стануваат растроени, хиперактивни и имаат потешкотии со контрола на импуслот.

Подигнувањето на децата со ADHD може да биде збунувачки за родителите. Сепак, голема вест дојде од медицинскиот и научниот свет. Во студијата која ја спроведоа др. Франчес Е. Куо и Анреа Фабер Тејлор, откриено е дека изложувањето на децата со ADHD во активности на отворено ги намалува симптомите на ADHD. Така, според оваа студија, предноста на изложувањето во природа може да му користи на секого кој пати од невнимание и импулсивност.

Докторите заклучија дека едноставните промени кои вклучуваат активност на отворено можат да го подобрат вниманието.

Пешачењето во природа е одлична вежба која ја зголемува силата на мозокот

Сите сме слушнале за изразот „во здраво тело, здрав дух“. Пешачењето во природа е одличен облик за вежбање и може да изгубите 400-700 калории за еден час, во зависност од тежината на планинарењето. Дополнителна предност е дека планинарењето не е толку тешка вежба за нашите зголобови. Истотака, докажано е дека оние кои престојуваат во природа често се држат кон својата програма на вежбање, што го прави планинарењето одличен избор за оние кои се надеваат да ги интегрираат вежбите во својот секојдневен живот.

Умот и телото се природно поврзани. Вежбата помага нашите мозочни келии да останат нахранети и здрави. Всушност, во склад со тезите на истражувачите од Универзитетот Бритиш Колумбија, аеробните вежби можат да го подобрат помнењето и когнитивните способности. Во нивната студија, открија дека аеробните вежби го зголемуваат волуменот на хипокампусот кај старите жени. Хипокампусот е дел од мозокот кој е поврзан со просторното и епизодно помнење.

Не само дека можат да се подобрат когнитивните способности, можеби и да се спречи когнитивното пропаѓање, планинарењето може да го намали стресот и анксиозноста, да ја зголеми самодовербата и да го пушти ендорфинот (хормонот на среќа).

Навистина е зачудувачки што оваа физичка активност која е толку едноставна и ефтина може да обезбеди толку многу предности за нашето ментално здравје.

Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре