БлогДостигнувањаКирковски на Алпите со три брзински рекорди во една недела

Кирковски на Алпите со три брзински рекорди во една недела

29 Јули 2018
Кирковски на Алпите со три брзински рекорди во една недела

Во последниве неколку години планинското трчање во Македонија зазема поголем замав. Оваа дисциплина побарува солидна физичка, но и психичка спремност, но сето ова да го правите на висини над 4000 метри се мери во надчовечки размери.

Нашиот планинар и планински тркач Александар Кирковски минатата недела постави три македонски брзински рекорди на три алпски врвови. На 23 јули го реализираше соло брзинското искачување на највисокиот алпски врв Мон Блан (4810 мнв) од италијанска страна, која е потешка и подолга од класичната француска страна.

Во 3:50 часот наутро стартував ниско од подножјето на планината, долината Вал Вени на 1900 мнв. Рутата е доста долга со вкупно 31 километар и 3100 висински метри, воедно потешка и помалку фреквентна од француските класични рути. За време на потфатот постојано се движев соло, а единствената скромна но значајна логистика ја имав пред домот Гонела на 3070 мнв од страна на пријателите Петар и Димитар. Потешкотија ми претставуваше движењето ноќе на почетокот по големиот и необележан глечер Миаж, но и правењето рамнотежа помеѓу брзината, потребната опрема и безбедноста во што треба да се биде максимално прецизен при соло брзинските искачувања.  

Дел од статусот на Facebook на Александар.

За овој потфат на Кирковски му беа потребни 9 часа и 58 минути за искачување и спуштање на врвот, додека лани го постави најдоброто македонско време за искачување и спуштање од француската страна за 6 часа и 26 минути.

Materhorn

4 дена подоцна следуваше македонскиот брзински рекорд на најатрактивниот, но и технички захтевен алпски врв Матерхорн (4478 мнв) преку гребенот „Хорнли“ од швајцарската страна, со време од 7 часа и 1 минута.

Кирковски досега 3 пати го има искачено Матерхорн, а овој потфат воедно претставува второ македонско соло искачување по гребенот „Хорнли“ после тоа на Слободан Јовановски - Боби во 2006 година.

Gran Paradiso

После неполни 2 дена од ова искачување, вчера се искачи и на Гран Парадизо (4061 мнв) со време горе-долу 4 часа и 43 минути.

Овие акции се дел од програмата на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре