БлогОд височинитеНајчести изговори поради кои испуштате неверојатни моменти во планина

Најчести изговори поради кои испуштате неверојатни моменти во планина

07 Февруари 2018
Најчести изговори поради кои испуштате неверојатни моменти во планина

Ова се најчестите, а сосема неоправдани причини поради кои луѓето седат дома, наместо да уживаат во природата и доброто дружење на планина:

1. Стар/а сум за тоа

Никогаш не е доцна да почнете да планинарите. Дури и како пензионер, ако сте посакале да одите на некој планински излет, немојте да се двоумите. Многу планинарски друштва имаат членови на ваши години и организираат излети кои се соодветни за нивните можности.

2. Не сум во форма

Никогаш нема да бидете во форма ако не се одлучите да тргнете. Во описот на секоја планинарска акција е напишано колку е тешка, така за почеток ќе можете да одберете пократки и полесни акции. Исто така, информирајте се добро за планинарските друштва за да можете да го одберете она, чие темпо ќе можете да го следите. Ако се плашите дека ќе застанете зад групата, одете со пријатели или со сигурни водичи. Тие никогаш нема да ве остават сами.

3. Немам време

Меѓу планинарите има многу различни луѓе, од лекари кои од ноќна смена заминуваат во планина, до семејства кои со себе ги носат и децата, некои од нив дури во специјални ранци. Повремени еднодневни прошетки во планина за викенд секој може да си овозможи.

4. Немам пари

За посета на ридот или планината кои се блиску до вашето место на живеење, некогаш вам воопшто не ви требаат пари. Планинарските друштва се непрофитни организации и за еднодневна прошетка со нив вам ќе ви бидат потребни толку пари колку што ви се потребни да испиете едно кафе во кафуле.

5. Немам опрема

За почеток ви се потребни само добри чевли се останато ќе си набавите со текот на времето и во согласност со вашите желби и способност за потешки акции. Многу планинарски друштва имаат договори со спортски продавници, во кои со планинарска книшка добивате попуст за купување спортска опрема.

6. Немам друштво

Планинарите се познати како посебно друштвени луѓе. Ако немате партнер за планинарење, веќе на првата тура со некое од многуте планинарски друштва ќе запознаете многу луѓе кои се многу срдечни и сакаат да создаваат нови познанства. На следните прошетки повторно ќе ги сретнете истите луѓе, но ќе запознаете и други. Бидете отворени за нови познанства и наскоро со некои од нив ќе организирате заеднички дружби како и заеднички акции на планина.

Тагови:
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре