БлогСовети„Не постои лошо време, само лоша опрема“

„Не постои лошо време, само лоша опрема“

15 Март 2018
„Не постои лошо време, само лоша опрема“

Правилото на планинарење, а може да се рече и уживањето во секоја друга outdoor активност, е начин на кој сте се облекле за таа активност.

Почетниците често очекуваат големо невреме и студ, затоа нив може да ги препознаете по големиот број облека во ранецот, кој е често пренатрупан.

Целта е да се облечете прикладно и да останете суви

Активната облека претставува неизоставен дел од гардеробата кога се занимавате со некој спорт или outdoor активност, дали тоа е трчање, возење велосипед, планинарење, скијање, возење ролери итн.

Зошто парите вложени во купување на активна облекa не се „фрлени пари“?

Таканаречениот прв слој претставува основна облека која ви ја допира кожата. Дословно тоа е долна облека која ве штити од студ и ја спроведува потта што подалеку од вашето тело.

T-Shirt

Поради механизамот на дејство, активната облека ја присобира потта од површината на телото и ја носи на надворешната страна така што цело време сте суви. Активната облека припиена на телото дава подобро и поудобно чувство во текот на движењето.

Истотака, активната облека го пушта воздухот да влезе внатре со што прави вашето тело да остане свежо и суво. За оваа облека да ги врши своите основни функции, т.е. да биде активна, мора да задоволува неколку основни критериуми.

Благодарејќи на специфичниот начин на изработка, активната облека, било да е изградена од природни (најчесто волна) или синтетички влакна, има способност брзо да се суши. Доволна е топлината од вашето тело за вашата маица да биде сосемa сува.

Непријатните мириси доаѓаат од долготрајното потење и носење на влажна носена облека

Честото преоблекување и носење на влажна облека во ранецот може да биде проблем и тогаш обично се одлучуваме за активна облека. Ваквата облека може да се носи и по неколку дена без негативни ефекти.

T-Shirt

На високи температури без проток на воздух работите стануваат исклучително непријатни, бидејќи кожата се попарува и неможе да дише. Денес, постојат многу пријатни материјали, како што се волната и слично, кои благодарејќи на специјалниот начин на производство и понатаму се термоактивни, и нема да ви го загрозат животот кога температурите ќе пораснат.

Летно време носете активна маица, нејзина цел е да ве заштити од UV зрачењето и да обезбеди брзо сушење. Термоактивноста е неопходна во зима и тогаш таа иста маица, во комбинација со втор (полар) и трет слој (софтшел) претставува температурна бариера. Иако логиката ни вели дека летно време се носат кратки ракави, а во зима долги, многумина се одлучуваат исклучително за термоактивна облека со долги ракави, која ја носат во текот на целата година.

Кога ќе се спомене термоактивна облека никој незнае што всушност значи тоа, мислат дека е беспотребно помодарство, а некои мислат дека е вистинска работа и спас за сите кои сакаат да се занимаваат со спорт во природа.

Денес постојат голем број производители на активна облека, цената секако го диктира квалитетот, но има и голем број од оние кои може да ги купите за релативно ниски цени, а ќе ја вршат работата.

Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре