БлогДостигнувањаОбид за рекорд на најдолгата ски тура во светот

Обид за рекорд на најдолгата ски тура во светот

20 Март 2018
Обид за рекорд на најдолгата ски тура во светот

1917 километри и 85 000 метри позитивна денивелација преку најзначајните врвови на Алпите е најдолгата скијачка тура во светот. Почнува од австрискиот главен град Виена, а завршува во францускиот град Ница.

Проектот Red Bull Der Lange Weg

Пред 3 дена, на 17-ти март, седум атлети тргнаа да се соочат со голем предизвик - не само да ја поминат најдолгата скијачка тура во светот, туку и да постават нов рекорд за најбрзо поминување на патеката. Тие ќе се обидат да ја поминат патеката за 40 дена без одмор. Меѓу овие спортисти се Берхард Хјуг, Тамара Лунгер, Нурија Пикасо, Филип Рајтер, Џанел Смејли, Марк Смајли и Дејвид Вулман.

Претходниот рекорд за најбрзо поминување беше пред 47 години. Во 1971 година четворица Австријци - Роберт Китл, Клаус Хои, Хансорг Фармбахер и Алои Шет се првите и засега единствените атлети кои успеаа успешно да ја поминат маршрутата, која вклучува и некои од највисоките врвови на Алпите - Гросглокнер (3798 м), Пиц Палоу (3900 м), Дуфоршпиц (4634 м) и Мон Блан (4808 м).

Целта на атлетите кои веќе се на патеката е да ги следат чекорите на нивните претходници и да се движат на ист начин.

Ако можат да го подобрат рекордот, ќе разбереме кратко пред крајот на месец април.

Тагови:
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре