БлогСоветиОснови на движење во планина

Основи на движење во планина

01 Февруари 2018
Основи на движење во планина

Движењето во планина се разликува од движењето во низините или градското опкружување. Во моментот на планинарење постојат поголеми опасности од пад и повреди. За да ги сведеме тие опасности на миминум, битно е да се познаваат некои основни работи.

Како прво и најважно е да се носи примерна облека. Чевлите мора да бидат удобни, поголеми за еден број или половина број и според своите карактеристики да се прилагодени за временските услови во кои планинарите (летни или зимски).

Чевлите ги штитат зглобовите, но мора да бидат правилно стегнати и врзани. Мора да се прилагоди движењето во колона и да се одржува растојание. Растојанието е поголемо при искачување поради можен одрон од камења и носење планинарски стапчиња (минимум 2 метри). Да се одржува континурано движење, дишењето треба да биде на нос, ако тоа ни претставува проблем треба да се намалат чекорите и/или да се успори.

Планинарење

Да се обрне внимание на положбата на телото. Свесност за положбата на телото. Навалување према напред во момент на искачување, со што го враќаме тежиштето на телото во средина. Со свиткување на колената кога се симнуваме имаме поголема стабилност и подобра распределба на силата на колената. Треба да гледаме пред нас поради опасност на патеката. Ова се работите на кои мора да обрнеме внимание во текот на престојот во природа.

Искачување по падина

Kога искачуваме чекорите не смеат да бидат предолги, туку ускладени според конфигурацијата на земјиштето и можностите на групата. Треба да се гази со цело стапало. При движење треба да се тежи во исправена положба на телото, како симетријата на телото ја поминува средината на телото. Ваквата природна положба најмалку уморува при движење.

Симнување од падина

Кај симнувањето треба да се гази со цело стапало, телото да биде благо навалено, ногата се пружа напред, се свиткува коленото, се амортизира оптеретувањето на телото и ранецот. Симнувањето од падина е тешко, на крајот од турата силата ни е на минимум, концентрацијата попушта и можноста да се повредите е многу поголема.

Планинарење

Симнувањето ги оптеретува зглобовите и ножните мускули. Стаповите за движење можат да бидат од голема корист. Најчести повреди во текот на планинарење се шинати зглобови, истегнување на мускули, тетиви и лигаменти, пренапрегнатост на мускулите, грчеви и општа исцрпеност.

Суштината на бегството во природа за поголемиот број планинари е уживање во убавината на природата, дружење со истомисленици, проверка и тестирање на своите можности, авантура... Еден добар дел од ова се реализира во текот на самото одење и враќање од планираното место, поради тоа самото движење во природа е многу важно бидејќи вашата безбедност е на прво место.

Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре