БлогОд височинитеПланинарската икона Рaјнолд Меснер

Планинарската икона Рaјнолд Меснер

03 Април 2018
Планинарската икона Рaјнолд Меснер

Рајнолд Меснер според мислењето на многумина е најдобриот планинар на сите времиња. Тој е прв човек кој успеал да се искачи на Монт Еверест без дополнителен кислород, а воедно и прв кој успеал да се искачи на сите 14 врва повисоки од 8000 метри.

На пет години на 3000 метри

Меснер е роден на 17 септември 1944 година во Бриксен во Италија. Израснал опкружен со преубавите Доломити, делот од италијанските Алпи, во големо семејство со девет браќа и сестри. Со алпинизам го запознал неговиот строг татко учител; кога имал веќе пет години се искачил на првиот врв повисок од 3000 метри. До тинејџерските години стана сјаен качувач и ги освојувал околните врвови. Неговиот стил на качување бил минималистички; со себе носел најпотребна опрема.

Меснер во 1967 година тргнал на студии по архитектура на Универзитетот во Падова. Тоа не го спречило и понатаму да ги качува околните врвови, често со помладиот брат Гунтер. После завршувањето на студиите кратко работел како наставник, а потоа целосно се посветил на качувањето.

Трагедија во Пакистан

Три години подоцна се случила трагедија која засекогаш го обележала. Додека со Гунтер се враќал од дотогаш неискачената страна на пакистанскиот врв Нанга Парбат, брат му почнал да покажува знаци на висинска болест. Меснер отишол да побара полесен пат за надолу.

Но, Гунтер во текот на спуштањето заостанал и кога Рајнолд се вратил по него, открил дека го заземала лавина. На патот надолу изгубил шест ножни прсти и неколку врвови на прстите на рацете. Меснер 30 години подоцна во книгата „The Naked Mountain“ ја изнесе својата верзија на случувањата, со што им одговорил на критичарите кои го обвинувале за смртта на неговиот брат поради неговите амбиции.

Успеаа во тоа што многумина го сметаа за невозможно

И покрај трагедијата, Меснер не се откажал од качувањето. Во 1974 година се здружил со Петер Хабелер, со кој ја делел филозофијата на качување и заедно за рекордно време се искачија на Ајгер. Година дена подоцна се искачија на Гашербрум I во планинскиот венец Каракорум без дополнителен кислород. Исто во 1978 година пробаа на Монт Еверест и успеаа во тоа што многумина го сметаа за невозможно - да се качат на највисокиот врв на светот без дополнителен кислород.

„Не сум ништо повеќе од една мала плуќа која лебди над маглата и врвовите“, се зборови со кои подоцна го опишал ова искачување. Две години подоцна Меснер го повторил овој потфат, но овој пат сам. Искачувањето го опишал во книгата „The Crystal Horizon“.

Во 1986 година Меснер стана првиот човек кој се искачил на сите 14 осумилјадарки. Интересно е, во тоа време изјавил дека видел јети, митско суштество кое наводно живее на Хималаите. Продолжил да бара јети верувајќи дека се вистинити, можеби некој вид на ноќна мечка.

Меснер не бил само планинар - пеш го поминал Антартикот, Гренланд и пустината Гоби. Како член на италијанската Партија на зелените во 1999 година влезе во Европскиот парламент, каде бил до 2004 година. После тоа почнал да работи на отворање на мрежа од пет планинарски музеи на Меснер и основал фондација за поддршка на планинарските народи во сите делови на светот. Напишал десетици книги.

Двапати се женел и има четири деца.

Мисли на Меснер:

Плaнините не се ниту фер ниту нефер, тие едноставно се опасни 
Без можност за смрт, авантурата не е можна 
Сјајните работи во животот се работи кои ги работите, а не работи кои ги иматe  
Тагови:
Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре