БлогРазноПрестој во шума: терапија за умот, радост за срцето и еликсир за здравје

Престој во шума: терапија за умот, радост за срцето и еликсир за здравје

20 Февруари 2017
Престој во шума: терапија за умот, радост за срцето и еликсир за здравје

Здравствените тегоби кои најчесто го погодуваат модерниот човек, кој живее во урбана средина, се болести на неактивност (кардиваскуларни болести, дебелеење, хипертензија - висок крвен притисок), стрес, депресија, напнатост и вкочанетост во вратот и мускулите, кратковидост.

На сите нас ни е познато дека престојот во природа благотворно влијае на здравјето, но малку луѓе навистина знаат колку е благотворно шетањето во шума и престојот во шума. Шумите се „белите дробови“ на нашата планета, а освен што го прочистуваат воздухот, спречуваат ерозија на тлото, и ги одржуваат климатските услови стабилни, ни пружаат место за одмор и зачувување на здравјето.

Човекот може да најде мир само во шумите  

Forest

Во својата книга „Принцип на природата“ Ричард Лув поврзаноста на човекот со природата ја смета за есенцијална за психичкото и физичкото здравје и оваа поврзаност ја нарекува витамин N (nature - природа на анг.). Како што ни требаат витамини и минерали од храната за нормален раст, развој и здравје, така ни е потребен и витаминот N - престој во природа.

Авторот наведува и бројни студии кои потврдуваат колку витаминот N ни е потребен (посебно нагласувајќи каква улога има престојот помеѓу дрвјата, па дури и погледот кон дрвја од прозор).

  • Заедничкиот престој во природа ја зајакнува поврзаноста меѓу пријателите и членовите на семејството
  • Жените кои имаат поглед кон дрвја од прозорот на семејната куќа се пољубезни кон своите мажи и деца
  • Школските деца кои во школскиот двор можат да престојуваат меѓу дрвја и кои имаат поглед кон дрвја од школските прозори имаат подобри резултати во учењето и подобро памтат
  • Пациентите кои имаат поглед на дрвја од болничките соби побрзо се опоравуваат
  • Пациентите кои можат да престојуваат во природа оздравуваат значително побрзо
  • Лицата кои работат во канцеларии со поглед на дрвја имаат подобри резултати во работата и земаат помалку денови за боледување

Forest

Шумата најдобро пее  

Пеењето на птиците поволно влијае на смирувањето на умот, психичкиот одмор и предизвикува радост. Слушањето на звуци во шума помага во развојот на ушните способности и ориентација во просторот, и поволно делува на психата.

Шумата може да живее без луѓе, но луѓето неможат без шумата  

Forest

Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре