БлогДостигнувањаПрвиот слеп човек на Еверест

Првиот слеп човек на Еверест

06 Декември 2017
Првиот слеп човек на Еверест

Американецот Ерик Вехенмајер е заболен од јувенилна ретиносхиза, генеричка болест поради која има оштетување на видот. Роден е на 23 септември 1968 година. Ерик го изгубил видот на 13 години но тогаш не сакал куче водич ниту го учел Браилеовото писмо бидејќи сакал да докаже дека и понатаму може да живее како и претходно. Подоцна сепак набавил куче водич.

Почнал да се занимава со борење, со качување на карпи и сфатил дека тоа одлично му оди. Дипломирал на Англиски јазик и комуникологија, стана учител и тренирал борачи. Но една работа посебно се истакнува.

Ерик во 2001 година стана првата личност со оштетен вид кој успеа да го искачи врвот Монт Еверест. Инаку, до ден денес остана и единствен кој го направил тоа. Интересно е дека подоцна го комплетирал и подвигот на искачување на сите седум врвови на 7те континенти.

Еден од првите големи искачувања му било освојувањето на највисокиот врв во Северна Америка - Монт Меккинли. Освен што во 2001 година го искачи Монт Еверест, повторно се врати таму во 2004 година и тоа со германската активистка Сабри Тенберкн и шест тибетански тинејџери. Сите лица биле со оштетен вид. Надминаа висина од 6500 метри и поставија светски висински рекорд за група на лица со оштетен вид.

Сеуште се занимава со качување и авантуризам, а стана и мотивационен говорник кој сака да им покаже на луѓето дека инвалидитетот не може да ги спречи во исполнувањето на целите. Потоа ја основал и непрофитната организација „No Barriers“. На сите лица кои имаат некој вид на инвалидитет им помага да го остварат својот авантуристички дух.

Во продолжение може да ја погледнете интересната приказна за првиот слеп човек кој се качил на Монт Еверест.

Тагови:
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре