БлогДостигнувањаРекордите на Еверест

Рекордите на Еверест

17 Април 2018
Рекордите на Еверест

Највисоката точка на планетата е природно поврзана и со многу врвни постигнувања. Сите знаеме дека првите кои се искачиле на Еверест се новозеланѓанецот Едмунд Хилари и непалскиот Шерпа Тензинг Норгај на 29 мај 1953 година.

Покрај ова искачување на Хималајскиот првенец има доста рекорди во текот на годините.

Најуспешни искачувања: Апа Шерпа од Непал кој се искачил 21 пат (последно на 11.05.2011)

Успешни искачувања секоја година по ред: Апа Шерпа со 10 искачувања (2002 - 2011)

Најбрзо искачување од јужниот базен камп со кислород: Пем Дорџи од Непал со време од 8:10 часа на 21.05.2004

Прво соло искачување: Рајнолд Меснер во 1980 година

Најбрзо искачување од јужниот базен камп без кислород: Кази Шерпа од Непал со време од 20:24 часа на 17.10.1998. Меѓутоа, при враќањето, тој користи кислород.

Најдолгиот престој на врвот: Бабу Чири Шерпа од Непал кој престојувал 21 час во мај 1999 година

Најмладиот кој успешно се искачил на врвот: Јордан Ромеро од САД на 13 години на 22.05.2010

Најстариот кој успешно се искачил на врвот: Јуичиро Миура од Јапонија на 80 години и 224 дена на 23.05.2013

Прво зимско искачување: Криштоф Вилички и Лешек Чичи од Полска на 17.02.1980

Прво полетување со параглајдер од врвот: Жан-Марк Бовен од Франција на 26.09.1988

Првата жена која се искачи на врвот: Џунко Таби од Јапонија на 16 мај 1975 година

Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре