БлогОд височинитеШетање по снег далеку од ски патеките

Шетање по снег далеку од ски патеките

19 Март 2018
Шетање по снег далеку од ски патеките

Движењето на снег со дрезги станува се поомилено меѓу планинарите. Тоа овозможува уживање во недопрената природа, далеку од скијачките патеки и големиот број туристи.

Постојат дури и светски натпревари во овој спорт. Во што е тајната? Некогаш ловците и селаните за оваа намена употребувале дрвени рамки со врвци, со што полесно се движеле во пределите каде има многу снег.

Денес овој изум се користи за туристички и спортски потреби. Движењето по снег е погодно за луѓето од секое доба и практично е возможно насекаде, по секаков снег. При тоа се користат стапчиња како кај нордиското трчање.

Злобниците би рекле дека во денешно време е возможно да се измисли спорт речиси од ништо, па така дрезгите, кои се стар реквизит од жителите на планинските и високите краеви им служеле да не пропаѓаат во снег, сега стануваат првокласни спортски реквизити.

Дрезгите се потребни бидејќи целата тежина на човекот се распределува на поголема површина па така се намалува притисокот на снегот, а оној кој носи дрезги не пропаѓа во длабок снег, туку се одржува на површината. Некогаш одамна, дрезгите биле единствен начин на освојување на снежните навеани краеви, некогаш биле нужни за преживување на снег, а денес се ефтин и популарен начин за рекреација.

Не е тешко да се сфати причината на толкавата популарност на дрезгите: веројатно, баш како и што е и кај планинарењето, нема ефтин спорт. За разлика од скијањето за кое е потребна одредена количина на опрема, дрезгите едноставно се ефтини, и нив може да ги набави секој без претходна обука или најава.

Едноставно мора да ја сакате природата, да уживате во неа и да сакате да престојувате на свеж воздух и да го откривате светот околу вас.

Денес постојат големи компании во светот кои произведуваат различни видови и облици на дрезги. Новите генерации на дрезги се специфични по бројните модели за различни намени. Кај високогорците дрезгите не се многу популарни бидејќи кај ледените стрмнини неможат да ги заменат дерезите, а не се ниту лесно парче опрема за да се носат на ранец.

Секој кој пристапил до некој алпски врв, на пример на јужната страна сигурно посакал да ги има со себе додека не стигне до горните граници на тврд снег и мраз. Планинските скијачи тој проблем го решаваат со турно скиите, а на пешаците им останува одлуката: да пропаѓаат или да „дрезгаат“!

Кога сте ја одбрале целата опрема, важно е да се има на ум дека за движењето со дрезги важат истите правила како и за другите зимски спортови, а правилата велат дека треба да се облечете слоевито.

Тагови:
Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре