БлогСоветиШто добивате со планинарењето?

Што добивате со планинарењето?

05 Март 2017
Што добивате со планинарењето?

Секако дека знаете дека планинарењето е здраво за вашето тело, но освен таа главна причина, постојат и други причини поради кои може да го закасате планинарењето.

Слабеење

Дебелината стана глобален проблем во сите земји. Со поголема тежина се доаѓа и до разни други болести. Покрај тоа во прашање е и вашиот изглед и способноста т.е. неспособноста да направите некои работи. Ако навистина имате вишок килограми и не сте во добра форма тогаш најдобро да почнете со кратки интервали. Контактот со природата воедно е и добра вежба, за вас може да биде извондреден начин како да изгубите вишок килограми.

Спречување болести

Само во Америка 2500 луѓе умираат дневно од кардиоваскуларни болести. Додека го читате овој текст некој починал и додека ја прочитате целата статија уште пет луѓе ќе починат. Со редовно вежбање и правилна исхрана може да избегнете разни болести. Планинарењето загарантирано ќе ви помогне.

Смалување на холестерол

Планинарењето помага во тоа да го добиете добриот холестерол, а да го отфрлите лошиот. Така ги намалувате шансите за срцеви болести.

Низок крвен притисок

Намалувањето на крвниот притисок значително го подобрува целокупното здравје. Пешачењето ќе ви помогне околу овој проблем во голема мера.

Опуштање

Намалете го стресот и избегајте далеку од работата, бучните улици и загадените градови. Опуштете се и уживајте во природа.

Го зајакнувате телото

Кога планинарите вашите мускули се градат така што би можеле да одите подолго со исто темпо. Со падот на физичката активност додека сте млади може да причини многу проблеми кога ќе почнете да стареете и ослабувате.

Спречувате остеопороза

Планинарењето позитивно влијае на вашите коски, а особено на зглобовите. Одејќи вие всушност ги зајакнувате коските и ја зголемувате густината, што е добро.

Воздух

Планинскиот свеж воздух многу се разликува од оној во градовите. Тоа сте го почувствувале ако некогаш сте биле на планина.

Спречувате дијабетес

Планинарењето ја намалува количината на инсулин во вашето тело, ако сте тип 1. Кај дијабетес тип 2 планинарењето може да помогне во губитокот на килограми, и со вежбање и правилна исхрана може потполно да ја свртите насоката на шеќерната болест.

Смалување болка во грбот

Ако на работа долго седите тогаш се јавува болка во грбот. Со пешачење може да ја намлите болката и така да му помогнете на своето тело.

Вежба за целокупното тело

Планинарењето е аеробна вежба која ги подобрува целокупните физички способности, користејќи ги мускулите на нозете, рацете, грбот и останатите делови на телото. Ако сакате можете да пешачите со побрзи чекори или да трчате по планината. Се зависи од вас.

Самодоверба

Кога ќе дојдете до целта вие ја градите самодовербата, така што вашата главна мисла е „Успеав“. Со текот на времето ќе сакате повеќе и повеќе.

Многу повеќе

Низ планинарењето вие го проширувате вашето знаење не само за тоа како да се пешачи во природа, туку и за природата, животните, природните патишта и опасностите во природа. Една прошетка може да има поинакво влијание ако ја поминете во две различни годишни времиња.

Можности

Во секое годишно време може да планинарите, не постојат ограничувања.

Освежување

Психолошкото влијание во текот на планинарењето може да биде многу големо. Зависно од човек до човек. Планинарењето ќе го освежи вашето тело така што ќе бидете спремни за претстојните предизвици во вашиот живот.

Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре