БлогОд височинитеШто е via ferrata?

Што е via ferrata?

14 Март 2018
Што е via ferrata?

Via ferratа е италијански назив за обезбедени, односно клинчани планинарски патеки, кои под името „ферата“ се вметнале и во нашиот планинарски жаргон.

Наједноставно речено претставува осигурување и помош на планинарот за безбедно напредување на наизглед непремостливи препреки во планините.

Најчесто се состојат од метални ножишта и клинови прицврстени за карпата, челични сајли за осигурување кои се спуштаат долж патеката, летвички и мостови. Сајлата истотака може да се користи и за напредување, ако на пример карпата е лизгава, но секој тоа треба да го избегнува поради тегнењето на сајлата од клинот и со тоа потенцијално да не го оштети клинот.

Via Ferrata

Фератата може да биде хоризонтална, вертикална и секако се помеѓу тоа, а може да се користи како и за искачување, така и за симнување.

Иако неретко дури и меѓу планинарите се смета дека тие се настанати на Доломитите во текот на првата светска војна од 1915 до 1917 година. Вистината е далеку од тоа. Имено, првите ферати се поставувани речиси 70 години порано со што би се олесниле некои искачувања на најпопуларните врвови на Алпите.

За најстара се смета онаа изградена во 1843 година на Дашстеин. Иако преовладуваат во Италија и Австрија, посебно на Доломитите, денес ферати може да најдеме во голем број држави. Во светот има преку илјада, а само на Доломитите ги има 180.

Опрема за ферата

Да се тргне на ферата потребна ви е стандардна планинарска опрема, плус шлем, ракавици и појас со сет за ферата.

На појасот се спојува најважниот дел од опремата специфичен за ферата, а тоа е амортизерот на енергија. Тој е неопходен!

Via Ferrata

Во минатото планинарите користеле пократко парче од динамично јаже или гуртни на чии краеви биле два карабинери со кои се „обезбедувале“ на сајлата.

Денес на пазарот може да се најдат голем број сетови за ферата кои се произведени од производители како Mammut, Camp и Petzl.

Сетот за ферата се состои од амортизер за енергија, две гуртни за спојување со карабинери за сајлата. Денес од UIAA одобрен е исклучиво сетот Y за ферата, со оглед дека оние со облик на буквата V поради спојувањето само со едниот крај со сајлата (другиот во случај на пад би поминувал низ амортизерот на енергија на другата страна) е изложен на погрешно користење и откажување.

Via Ferrata

Амортизерот на енергија може да биде јаже кое тече низ динамичниот систем за кочење или блок во кој се наоѓа посебно сложена трака која во случај на пад се извлекува. На тој начин се намалува факторот на пад со што се амортизира ударот. Без амортизер на енергија падот може да причини сериозни повреди, а неретко и смрт.

Карабинерите кои се наоѓаат на сетовите за ферата мора да ја имаат ознаката од типот К, односно Klettersteig, што е германски израз за ферата. Овој вид на карабинери е посебно дизајниран за ферати, бидејќи имаат пошироко отворање од нормалните, со што лесно се закачуваат на сајлата, а истотака поседуваат и механизам за самозатворање.

Via Ferrata

Замислете колку проблеми може да ви причини тоа секој пат кога ги поминувате сидриштата на фератата повторно ги откопчувате карабинерите и пак ги закачувате. Страшно губење време! Ракавиците со отворени прсти се препорачливи, бидејќи на тој начин вашите раце се заштитени во контактот со евентуално оштетена сајла или остра карпа, а прстите се слободни за ракување со спојките.

Освен тоа, ако фератата е сместена на северната страна, сајлата сигурно ќе биде замрзната до другиот ден. Можат да ви користат и велосипедски ракавици. На нозете пожелно е да носите некои лесни кондури или патики за трекинг. Напредокот со нив е исклучително брз и позгоден за вас.

Stani avtor

Последно од Блог

Facebook

Времето денес

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре