БлогРазноЗасолништето „Солвеј“ - последната станица пред Матерхорн

Засолништето „Солвеј“ - последната станица пред Матерхорн

16 Мај 2018
Засолништето „Солвеј“ - последната станица пред Матерхорн

Засолништето „Солвеј“ е сместено на североисточниот срт на швајцарскиот врв Матерхорн кој се наоѓа во близина на гратчето Цермат, во кантонот Вале во Швајцарија.

Тоа е изградено на значајна височина од 4003 метри и е сопственост на швајцарскиот алпинистички клуб. Сепак, негова цел е да се користи само во екстремни случаи. Ова живописно место кое што се наоѓа 475 метри под врвот е попатна станица на многу алпинисти, чија крајна цел им е Матерхорн.

Засолништето „Солвеј“ им овозможува на алпинистите да одморат и уживаат во неверојатната глетка пред да стигнат на врвот. Куќарката била изградена во август 1915 година за само 5 дена. Сите градежни материјали биле пренесени од најблиската колиба, која се наоѓа на 743 метри пониско од „Солвеј“ со помош на животни.

Matterhorn

Засолништето е именувано по Белгиецот Ернест Солвеј (1838-1922), кој обезбедил средства за неговото постоење. Покрај неговото издигнување, тој го финансирал и најпознатиот дом на Матерхорн - „Хорнли“. Ернест Солвеј е хемичар, индустријалец и филантроп и најмногу е познат со откритието за добивање на натриум бикарбонат (сода).

По неговото пензионирање, тој започнал да се занимава со алпинизам како негово хоби. Времето поминато на планина, го тера да ги запознае двете нејзини лица - не само убавината, туку и опасностите кои ги крие. Тоа е причината зошто тој донирал средства за оваа живопсно засолниште.

Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре