БлогСоветиЗимски искачувања – предности и недостатоци

Зимски искачувања – предности и недостатоци

07 Февруари 2018
Зимски искачувања – предности и недостатоци

Зимските планински искачувања можат да бидат многу забавни, авантуристички и со сигурност, многу убави. Планината во зима е доста привлечна, но може да крие и голем број опасности за оние кои не се претпазливи и внимателни.

Зимските месеци можат да ѝ дадат на планината целосно поинаков изглед од оној на кој сте веќе навикнати. Сите оние чудесни патеки, кои ви се познати како дланките на вашите раце, во зима се сосема различни. За време на зимските денови имате можност одново да ги откриете некои од вашите омилени места и да уживате во нивното сосема ново непознато светло. Преголемата самодоверба не е препорачлива на планина. Многу луѓе запаѓаат во комплицирани ситуации само затоа затоа што веруваат дека ја познаваат планината совршено и нема што да ги изненади.

Зимата има свој единствен изглед којшто нема ништо заедничко со тоа што веќе го познавате. Затоа, уживајте во посебните глетки кои без сомнение изобилуваат, но бидете добро подготвени за тоа. Зимските искачувања бараат многу поголеми напори од летните. Затоа се препорачуваат тренинзи за издржливост. Исто така, треба да бидете подговени за одење низ снег. Во зима деновите се пократки, па така, треба да го започнете искачувањето рано за да можете максимално да ја искористите дневната светлина.

Зимски искачувања

Пред да тргнете на зимско искачување треба добро да ја проучите избраната патека. Консултирајте се со луѓе кои веќе ја оделе истата патека околу можните потешкотии и опасности и основните одлики и маркации на патеката.

Покрај студот треба да ги имате предвид и брзите и нагли промени на времето и да имате и соодветна облека која ќе ви помогне да се прилагодите на секоја температура. Најдобро е да се придржувате до правилото за повеќеслојно облекување, за да можете лесно да соблечете слој од облеката кога е топло, и обратно.

Функцијата на првиот слој е да ја земе влагата од вашето тело, вториот слој ја држи топлината, третиот слој пак е за заштита од вода и ветер.

Задолжително во зима треба да понесете светилка, со резервни батерии (затоа што деновите во зима се кратки), компас, прва помош, очила за сонце (затоа што отсјајот на светлината во снегот може да ве заслепи) и индивидуална техничка опрема, дерези и цепин.

И не заборавајте, во планина се оди со пријатели. Така е и позабавно и побезбедно. Убавото друштво никогаш нема да и наштети на авантурата. Не заборавајте со себе да понесете телефон со целосно полна батерија и почитувајте ги основните правила за безбедност во планина.

И уште нешто многу важно! За планинарење во зима е потребна одлична физичка и психичка подготвеност. Важно е секогаш да ја одберете турата која е соодветна за вашата подготвеност, а за планинарење во зима е препорачливо да имате водич кој добро ја познава планината на која одите.

Тагови:
Stani avtor

Последно од Блог

Оди најгоре