Калиманци

Во непосредна близина на рударското гратче Македонска Каменица се наоѓа Оризовото Езеро или уште попознато како вештачкото езеро Калиманци кое ја крие тајната на најквалитетниот и надалеку прочуен кочански ориз. На овие простори се скриени и остатоци од доцноантички град, базилики и понекоја приказна за „градот на калајот“.

На само 4км од Македонска Камненица, во акумулација на Калиманци се наоѓа единствениот остров познат како Калата. Станува збор за остатоци од доцноантичкиот град од кој 80% е потопен во вода. Во минатото овде поминувал патот Виа Игнација, а Калата е кратенка од „град на калајот“ бидејќи од тоа место се црпело злато и калај и така ги загревале карпите кои содржеле златоносни жици. На јужното подножје на Калата е откриена ранохристијанска црква, а на само еден километар од неа и базилика, двете датираат од 5 век.

Вештачкото езеро Калиманци е долго 14км, широко 3км, а максималната длабочина достигнува до 80метри. Водата се користи главно за наводнување на обработлива земјоделска површина и тоа од ориз во Кочанската котлина, но и на дел од површините сместени во Овче Поле. Остатокот на водата се користи за производство на електрична енергија. Во овие предели преовладува субмедитеранска и источноконтинентална клима.

Прекрасните води на езерото се богати со црвеноперка, костреш, клен и крап што го прави особено популарно меѓу оние кои се зависници од риболов. Во текот на летото се одржуваат и натпревари на ловење крап. Ова место е идеално за посета во било кој период од годината, нудејќи неверојатни глетки на езерото и единствена можност на љубителите на природата да уживаат во сите убавини сместени токму тука во источниот регион.

Општи информации

  • Површина: 4,23 km2
  • Изградено: 1969 година
  • Максимална длабочина: 80 метри
  • Максимална должина: 14 km
  • Максимална ширина: 300 m
  • Координати: 41°59′13.41″N, 22°35′34.81″E

Мапа

Оди најгоре