Козјак

Вештачкото езеро Козјак е сместено во западниот дел на Македонија кое му припаѓа на Поречкиот крај. Носејќи го истото име како и планината Козјак, сместена во североисотчниот дел на земјата, жителите на Поречкиот крај сметаат дека името Поречко езеро подостоинствено му прилега на ова езеро. Но, без оглед на тоа како се нарекува, на Поречани езерото им ја доближи недопрената чиста природа, прераснувајќи во атрактивна-викенд дестинација за многумина.

Иако со неговото отворање, Козјак многу брзо прерасна во позната дестинација, сепак нема соодветен асфалтиран пат па начинот на превезување е доста специфичен и авантуристички. Жителите на една од новите викенд-населби Близанско, до своите куќи пристигнуваат со такси-чамци кои ги пречекуваат над заливот кај браната.

Акумулацијата Козјак се вбројува во најголемите вештачки езера по површина, длабочина и должина во Р. Македонија, а најмногу поради вкупното количество на вода. Сместено е во прегратките на реката Треска, во нејзината Голема Клисура, на 15 км спротивно од браната Матка. Водите на реката Треска кои го напојуваат езерото се вбројуваат меѓу најчистите води Балканот.

Вештачкото езеро Козјак изобилува со рибен фонд во кој се среќаваат девет видови на риби меѓу кои: кленот, виножитната пастрмка, мрената, попадиката, боцкалката, вардарката, крапот, скобустот и поточната пастрмка. Одлично место за љубителите на овој спорт кои многу често во текот на целата година ги посетуваат дури и местата на кои не е дозволен риболовот. Риболовот е дозволен секаде освен во двата залива на Јасен- Пеколник и Коломот кои се направени во привлечни плажи за посетителите.

За љубителите пак, на скапоцените траги од недопрената природа, одличен избор на излетничка дестинација се неколкуте села по текот на реката Треска, од кои без здив ќе ве остави особено едно место наречено село Белица, а ќе видите и сами зошто.

Општи информации

  • Површина: 13,5 km2
  • Изградено: 2004 година
  • Максимална длабочина: 135 метри
  • Максимална должина: 32 km
  • Максимална ширина: 400 m
  • Координати: 41°48′42″N, 21°09′58″Е

Мапа

Погледнете ја поставената галерија онлајн на:
http://tourguide.mk/istrazi/ezera/vestacki-ezera/kozjak#sigProGalleriae692eba5c1
Оди најгоре