Тиквешко езеро

На надморска височина од 165 метри, на точно 12 км од Кавадарци, сместено на самото корито на Црна Река, мирува Тиквешкото Езеро. Со својата неверојатно интересна конусна форма се протега во правец север-југ, а бреговите се накитени со природни реткости и со споменици на културата.

Тиквешкото Езеро со површина од 14 квадратни километри и различна длабочина од 1 до 105 метри, максимална должина од 28 км и должина од 700 м е најголемото вештачко езеро во Македонија. Водата од Тиквешкото Езеро се користи за наводнување и за добивање на електрична енергија. Преку наводнувањето езерото овозможи на најсушната област Тиквеш да прерасне во најубавата и најзелената оаза под лозја и овоштарници. Еден од подрагоцените украси на бреговите на езерото со културно-историска вредност е Полошкиот манастир, со црквата посветена на Свети Ѓорѓи.

Од другата страна на езерото, во неговите широки прегратки се сокрива едно прекрасно чудо за кое и нема да бидете свесни дека постои додека не поминете еден огромен и возбудлив пат. После 3 часа пловејќи со чамец, а потоа уште 2,5 часа пешачење по стрмна и карпеста патека може и да останете разочарани од чудото по кое сте го поминале тој пат. Дури кога ќе бидете на чекор од неа ќе ја забележите Галишката пештера, која преставува една од природните феномени во Македонија. Скриениот влез воопшто и не навестува дека 12 км под почвата се наоѓа пештера стара околу 5 милиони години. Таа се вбројува во редот на активни пештери која сеуште создава пештерни украси. Кога тече вода, во поидеални услови, годишно се создаваат 1-2 милиметри нови слоеви пештерски украси.

Занимливата легенда за тиквешката рибарска приказна зборува дека во езерото живееле огромни риби кои голтале цели чамци со луѓето во нив. Веројатно сите сте ја слушнале оваа легенда, па може и не верувате во тоа, но факт е дека на дното на езерото, при последната експедиција се забележани сомови кои се многу стари и со нејсвојствена големина. Тие обично претаат во песокот на дното, а на површина излегуваат само да ја отворат устата, чекајќи нешто да влезе. Не бидете изненадени ако налетате некогаш на овие необични ѕверови.

Општи информации

  • Површина: 14 km2
  • Изградено: 1968 година
  • Максимална должина: 29 km
  • Максимална длабочина: 105 метри
  • Координати: 41°23'38.8"N, 21°56'39"E

Мапа

Оди најгоре