НастаниПланинарење29-ти, Традиционален Марш на Мурато

29-ти, Традиционален Марш на Мурато

(0 гласови)
29-ти, Традиционален Марш на Мурато

Почитувани планинари, Планинарскиот Спортски Клуб Пелистер во чест и слава на нашиот Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на Светот, Еверест го организира 29-тиот Традиционален марш. Истиот ќе се одржи на ден 12 (сабота) Мај 2018 год. на Пелистер.

На Маршот се очекува да земат учество неколку стотици планинари од земјава и странство, со што маршот добива меѓународен карактер.

Во прилог на поканата Ви ја доставуваме и програмата за искачување што ке се одвива на планината Пелистер и ќе започне на 12.05.2018 год.

Ве молиме најдоцна до 7 мај 2018 год. да не известите за точниот број на учесници од Вашиот клуб заради организациони потреби.

Контактирајте не на телефон:
075 458 782 Петар Нолев;

Прилог:

- Програма
- Пријава

ПРОГРАМА:

За 29-тиот традиционален марш Димитар Илиевски - Мурато

МАРШРУТА бр 1:

Инфо-Центар-Палиснопје-Ловечка куќа-Врв Пелистер-Димев Врв.

12.05.2018 (Сабота)

06:00 ч. - Поагање на автобусите од Битола-пред Шехерезада
07:00 ч. - Поаѓање до врв Пелистер-преку Инфоцентарот, Палиснопје и Ловечка Куќа.
12:00 ч. - Пристигнување на врвот Пелистер и собирање на сите планинари.

Со пристигнувањето на учесниците на маршот на врвот Пелистер ке се одржи традиционалното читање за ликот и делото на Димитар Илиевски Мурато. После читањето учесниците се упатуваат назад кон Инфоцентарот.

13:00 ч. - Поаѓање кон пл.дом Копанки
13.00 ч. - Полагање цвеќе на споменикот на Димитар Илиевски во дворот на Копанки, кратка комеморација,поздравен говор,доделување на благодарници, прогласување на најмлад и најстар учесник на маршот и затворање на манифестацијата.
17.00.ч. - Поаѓање на автобусите за Битола од пред Инфоцентарот

МАРШРУТА бр 2:

Ниже Поле - Дебел Рид - Големо Езеро - Партизански Врв - Широко Стапало - Врв Пелистер - Димев Врв

11.05.2018 (Петок)

10:00-12:00 ч. - Пристигнување и пречек на планинарите од внатрешноста и странство на однапред договорена локација во Битола.
12:30 ч. - Поаѓање од Ниже Поле преку Дебел Рид до п.д Големо Езеро
16:00 ч. - Пристигнување во домот и сместување-нокевање.

12.05.2018 (Сабота)


07:00 ч. Будење и доручек
08:00 ч. - Поаѓање до врв Пелистер-преку Мало Езеро,Партизански Врв, Широко Стапало-врв Пелистер
11:00 ч. - Спојување со групите од Палиснопје и Битола на месноста Широко Стапало.
12:00 ч. - Пристигнување на врвот Пелистер и собирање на сите планинари.
13:00 ч. - Поаѓање кон пл.домови Копанки и Големо Езеро

Планинарите кои ке се одлучат за Маршрута бр:2 задолжително мораат да се најават до 1 Мај, бидејки бројот на учесници е ограничен поради малиот капацитет на домот.

ВАЖНО:

  • Задолжителна најава за учество со број на членови
  • Маршрутите бараат добра физичка подготвеност и здравје
  • Неопходна е зимска планинарска опрема за искачување на н.в.од преку 2500мнв.
  • Се опоменуваат водичите да поведат повеке сметка околу дисциплината за време на маршот,како и еколошката страна т.е.оставање на какви и да било отпадоци зад себе
  • Времето на враќање на автобусите не е конечно и можно е да биде изменето во зависност од возниот ред на автобусите и возовите кои поаѓаат од Битола кон внатрешноста
  • Организаторот ги задршува сите права за промена и дополнување на програмата во зависност од условите на теренот
  • Планинарите кои ќе сакаат да ноќеваат во домот на Големо Езеро (на 12.05-Сабота) задолжително треба претходно да се најават(075 45 87 82) поради ограничениот капацитет на домот,во спротивно не гарантираме за можните проблеми кои би настанале.

ПСК Пелистер обезбедува:

  • Нокевање во п.д. Димитар Илиевски Мурато (Големо Езеро);
  • локален превоз за Битолчани.
  • Чај во домовите, месноста широка и врв Пелистер;
  • Обезбедени две маршрути со водичи и спасувачи;
  • За секој учесник самолеплив амблем со ликот на Димитар Илиевски Мурато и спомен печат од маршот;

countdown timer May 12, 2018 07:00:00

Информации за настанот

  • Место: Баба планина
  • Организатор: ПСК Пелистер
  • Датум: Сабота, 12 Мај 2018
Додај настан
Stani avtor

Последни настани

Оди најгоре