На 1 април 2017 година Питер Томпсон започна една епска авантура во име на проектот Livability Holton Lee’s Flourish & MIND. Тој ќе се обиде да претрча неверојатни 44 маратони во 44 дена - маратон во секоја земја во Европа.

"Ова е мојот начин да го придвижам мојот фокус од брзо трчање во трчање за одредена цел. Тоа е начин да се предизвикам себеси на нов начин и да ги искористам моите тркачки способности во обид да направам позитивна разлика. Тоа е, исто така, мој начин на себе прикажување, а се надевам и на другите, и дека е во ред да се признае кога работите отишле предалеку и дека е возможно да се променат. Имам многу пријатели и членови на семејството кои имаат и сеуште страдаат од различни ментални состојби" - вели Питер.

Откако излегов со идејата за трчање низ Европа морав да тренирам до мерка на невозможното!

Самата патека ќе вклучува мешавина од возови, авиони, автобуси, такси возила, автомобили и ферибродови низ целиот европски континент. Постојат многу фактори кои не можат да се контролираат, и имаат потенцијал да создадат проблеми на патот, но, за мене, надминувањето на овие проблеми се само додаток на предизвикот. Ако беше лесно ќе се обидев да излезам со некој друг подеднакво инвентивен начин за да работам 2 месеци!