12-годишната Енџи Скарт-Џонсон, талентираното младо девојче од Австралија, повторно покажа дека поседува необичен талент. Таа се искачи на најтешката насока во нејзината досегашна кариера - „Lucifer“ (8c+) во клисурата на Црвена Река (Red River Gorge) во Кентаки.

Енџи започна со качување на 7-годишна возраст. По пет години веќе имаше искачено две насоки со тежина 8c - „L 'Espiadimonis“ и „Welcome to Tijuana“ во Роделар (Rodellar). Сега во листа ја додаде и првата 8c+!

„Lucifer“ е честа цел на посериозните качувачи. Насоката е долга околу 25 метри, со јасно изразен болдер-карактер, изразен превис со мали дупчиња и рабови.

Рекордот на најмлад качувач на „Lucifer“ припаѓа на Ашима Шираиши. Таа ја искачи оваа насока на 11-годишна возраст во 2012 година.