Нашиот планински тркач Александар Кирковски денес успеа да ја оствари својата цел, искачување и спуштање на највисокиот врв на јужната и западната хемисфера, Аконкагва (6962 мнв.) за помалку од 10 часа односно за 09:52 часа од базниот камп Плаза де Мулас (4300 мнв) до врв.

Пред неколку дена заедно со Димитар Тодоровски направија класично искачување на врвот по класичната рута од вториот висински камп Нидо де Кондорес на 5400 мнв. за кое на Кирковски му беа потребни 6 часа и 42 минути, а на Тодоровски околу 9 часа. Воедно Димитар е логистичка поддршка на Александар за овој подвиг.

Оваа акција e поддржана од Федерација на планински спортови на Македонија.