Качувачката историја се испиша во саботата рано изутрина кога 31-годишниот професионален качувач Алекс Хонолд го искачи Ел Капитан, слободно качување без дополнително обезбедување, во Националниот парк Јосемити во САД.

Според екслузивниот извештај од National Geographic, Хонолд започнал со качување на насоката Freerider (5.13a) околу 5:32 часот изутрина, а ја заврши за 3 часа и 56 минути, со што на врвот беше во 9:28 часот, сето ова без обезбедување од јаже или друга поставена опрема.

Alex Honnold

Севкупно, Хонолд искачи скоро 1 километар вертикала за нешто помалку од четири часа.

Широко е признат како најдобар и најхрабар слободен качувач на планетата, Хонолд воопшто не е непознат меѓу качувачката заедница како качувач без јажиња или дополнителна заштита - но искачувањето на Freerider со ништо друго освен патики за качување и магенизум претставува квантен скок напред во качувачкиот свет, неспоредливо со години, можеби дури и децении.

Alex Honnold

За подготовките за ова искачување, 31-годишникот година дена тренираше во Кина, Мароко, Европа и САД, а наводно имал претходен обид во ноември, но се повлече поради неповолни услови. Мала група од неговите качувачки партнери знаеле за овој обид, но се согласиле тоа да остане меѓу нив во поглед на тековната мисија.

Хонолд отворено призна дека постојат многу качувачи во играта, кои се повеќе талентирани од него, но неговата извонредна способност да се справи со психолошкиот стрес на изложеност е тоа што го издвојува од пакетот, и да направи возможни историски подвизи како во саботата.

Alex Honnold

„Со слободното качување очигледно знам дека сум во опасност, но чувството на страв додека сум таму не ми помага на било кој начин, тоа само ги попречува моите перформанси, јас само го оставам настрана и што биде, биде.“, изјави тој на National Geographic.