PCT (Pacific Crest Trail) е long distance патека - односно пешачка планинарска патека, долга точно 4.297 километри која се протега во САД од мексиканската граница до границата со Канада. Планинарите кои ќе ја завршат оваа рута се нарекуваат thru hikers.

Од Балканот оваа рута ја завршил хрватот Никола Хорват за 163 дена, пешачејќи во просек околу 30 километри дневно. Во прилог следува интервју со Никола.

PCT

Кога прв пат слушнавте за PCT? Кога и како се јави желбата да ја одите баш оваа патека?

Прв пат слушнав за PCT во 2015 година. По предлог на еден пријател го изгледав филмот Wild. Останав рамнодушен, но црвите продолжија да копаат во мене, па самостојно започнав да проучувам за патеката на интернет. Наидов на документарци на Youtube кои ги снимале PCT thru hiker-и и после изгледани два документарци знаев дека тоа е тоа. Желбата за одење се појави веднаш, тоа беше љубов на прв поглед.

PCT

Накнадно дознав и за други long distance патеки, но ништо не доаѓаше во предвид освен PCT. Како кога сакаш жена - има и убави и подобри, но ти знаеш за една која ја сакаш! Кога прв пат направив груба пресметка на цената малку се поколебав, но знаев дека ќе ја поминам кога тогаш. Тогаш на Facebook наидов на оглас од KBS - корејска национална телевизија - кои бараа хајкер со кој би снимале документарец под името Jorney on foot, а за возврат нудеа авио карти, пари за живот и дел од опремата. Се јавив, и меѓу 50тина кандидати ме одбраа мене. Останатото е историја!

Дали има други такви long distance патеки и зошто PCT е посебна? Дали во Европа има такви патеки?

Постојат многу long distance патеки: Continental Divide Trail, Appalachian Trail, Te Araroa и уште многу. Секоја од нив е посебна на свој начин. PCT означува разновидност на природата. Се поминува низ пустина, планини, Сиера Невада, шумите на Северна Калифорнија, илјадници езера во Орегон и дождовните каскади во Вашингтон.

PCT

Во Европа има други патеки, но покрај се поинаку се концептирани. Концептот се базира на засолништата и планинарските домови, а доколку се работи за E патиштата - дури и асфалт, хотели и апартмани. Европа е премногу урбанизирана и тоа претставува проблем. Американците се тука на врвот и нивниот концепт дефинитивно е број еден, ако ме прашувате мене. Неодамна со ентузијасти од Хрватска го покренав здружението Croatian Long Distance Trail со кое ќе ја трасираме и ќе направиме хрватска long distance патека по американски принцип, и за неколку години имаме во план да ја отвориме за секој кој ќе сака да ги исполни своите сништа во планините на Република Хрватска!

Дали се занимавате со планинарење, и како се припремавте за PCT?

Претходно без планинар аматер без планинарска книшка (дури и сега ја немам). Отсекогаш сум тежнеел кон вон-институционален облик на барање на животно задоволство. Претходно никогаш не сум поминал над 2000 мнв, но уживав во престојот на планините и помалку учев некои вештини од 2003 година, кога прв пат ја посетив Велебит. PCT тој процес наголемо го забрза, така што за нешто повеќе од 5 месеци станав планинар со голем резервоар на знаење и вештини!

PCT

За PCT се припремав пешачејќи на работа секој ден 3 месеци. За thru hike е исклучително тешко да се припремите, особено за човек кој прв пат оди на thru hike авантура, каде најголема битка е онаа менталната.

Кој беше најголемиот предизвик во текот на примпремите? А што се испостави како најголем предизвик во текот на турата?

Во текот на припремите најголем предизвик беше интелектуалното разбирање на стратегијата за полнење на резервите. Тоа ми задаваше секојдневни главоболки и до крајот не сфатив како ќе функционира се додека не тргнав на пат. Тогаш движејќи го учев се она што не го сфатив дома.

Во текот на турата, полнењето на резервите стана дел од рутината, но се појавија и некои нови предизвици. Еден по еден ме фрлаа во оган. Од повредата на тетивата на десната нога, преку кризата на осаменост и глад во Сиера Невада, се до трите масивни бури во Орегон и Вашингтон.

PCT

Најголемиот физички и психички предизвик во текот на турата? Има ли моменти за паметење...

Имаше доста физички предизвици. На пример, кога го скршив прстот на десната нога во Јосемити. Пешачење без застанување преку 50 км, а сето ова поради бурата која ме погоди и ми се закануваше хипотермија. Или можеби планините во Вашингтон во кои знаев дневно да преминам и 5000 метри висинска разлика и така ден за ден.

А истотака немаше недостаток и од психички предизвици. Првиот предизвик беше после 30 дена кога повреден чекав 8 дена. Потоа осаменсот во Сиера Невада. И можеби најтешкото од се - последните 30 дена во Вашингтон кога менталната состојба почна да ми испарува, а физички бев се посркшен. Тоа е вообичаена приказна на thru hiker-ите - иако се најјаки, thru hiker-ите последните месец дена полека доаѓаат до крајот и доста им е од се.

PCT

Моменти за паметење имаше на секој чекор, но ако мора да изберам еден, можеби е највечатливата средба со пума среде ноќ кога поради жештини морав да пешачам во ноќта. На речиси два метри од мене здогледав мажјак пума. Кога сфатив што е, се гледавме дваесетина секунди, а потоа си замина. Тогаш настана проблем бидејќи не знаев каде се наоѓа и што всушност сака од мене. Сепак, иако на момент се преплашив, сега знам дека пред се бев сигурен.

Физички и метафизички изненадувања и „замки“?

Од физичките изненадувања најмногу ми страдаа моите стапала. На стапалата мора да им се посвети најголемо внимание, а тоа значи адекватни обувки. Секако за изненадување е кога ќе сфатиш колку всушност си јак, а не си свесен за тоа. Често кога се наоѓам со луѓе кои знаат што сум поминал ме одмеруваат и ми велат дека очекувале човек од 2 метра, а јас имам само 1,78 и некои 67 килограми, од кои на турата изгубив 6,5.

PCT

Кризи - највпечатлива... Како ги совладувавте?

PCT е една голема криза. Човекот се изместува од зоната на комфор и секој ден поминува мини голгота. Многумина тоа неможат да го поднесат па се откажуваат или пак мамат со прескокнување на делници. Мојата највпечатлива криза беше со доаѓањето во South Lake Tahoe со поминати околу 1600 километри (4297) кога доживеав една семејна драма, а траеше до крајот доведувајќи ме наизменично до работ на рабовите, за што може да прочитате во мојата книга која наскоро ќе биде издадена.

PCT

Совладувањето на кризите е навистина тешка тема. Понекогаш ќе ви помогне некој thru hiker и неговото друштво, понекогаш пцуеш додека јазикот не ти пресуши, понекогаш плачеш, понекогаш се смееш, а понекогаш налетуваш на trail magic - бесплатна храна и пијалок која ја носат случајни луѓе, па ќе се напиеш и најадеш... се е дозволено и воглавно никој нема да те види.

Напади на адреналин и мотивација...

Адреналинот преовладува на почетокот кога се ти е ново, а подоцна си зависен од видиците на кои се наоѓаш. Како и со се, на PCT адреналинот опаѓа како се пристига кон крајот. Барем така беше кај мене. До тоа допринесува и неповолните временски услови на кои бев изложен последните месец дена, но и хроничниот замор кој ви е впиен до срж.

PCT

Во такви моменти мотивацијата паѓа во позадина и исклучително е битна менталната сила. Не гледаш смисол, но одиш и се мачиш. Пред тебе стои таа една точка во далечината и одиш да ја достигнеш. Иако звучи како нешто што никој не би го посакал за себе, сепак во тој напор се крие голема вредност. Ништо во животот што вреди не е ефтино и лесно. Така е и со thru hiking. После се, плодовите се непроценливи.

Дали престојот во дивина и самотија е привлечен?

Сега престојот во дивина ми е најубава и најнормална работа. Преубаво е чувството кога си 100 километри од првиот автопат во највеличенствената дивина, а се чувствуваш апсолутно суверено и сигурно (без оглед на пумите, мечките, дождовите и бурите) само со она што го носиш на грб. Но, до тој степен не се доаѓа преку ноќ и со излети од две ноќи во блиската шума. Thru hiking-от во таа смисла нуди нешто непроценливо, поголемо од она што го нуди „обичното“ планинарење. Но за да се дојде до тоа потребно е многу жртвување.

PCT

Какви луѓе сретнувавте на патот, какви се thru hiker-ите?

Луѓето на оваа тура се преубави... поголемиот дел барем. Создадов неколку пријателства за цел живот и знам дека можам да сметам на тие луѓе кога и да се најдам во нивна близина. Баш како што тие можат да сметаат на мене. Thru hiker-ите меѓусебно се ценат и почитуваат. Не само поради тоа што го поминале, туку и поради тоа што се свесни дека едни со други најдобро се разбираат. Тука се секако и trail ангелите и мнозинството луѓе кои несебично ми помогнаа, а претходно никогаш не ме виделе, а ниту ќе ме видат. Тоа е добрината во својата најосновна варијанта. На PCT со сигурност можам да кажам си ја повратив вербата во човечкиот род!

PCT

Се снимавте, имате блог и бевте активен на социјалните мрежи... Зошто?

Наједноставниот одговор е дека сум креативен и сакам да инспирирам. Баш овие дена се најдов со еден мој пријател, слушајќи го како зборува со колкаво внимание и ентузијазам го читал мојот онлајн патепис што ми е доволен показател дека не било залудно, а тој не е единствен. Многу луѓе немаат финансии, здравје, храброст или нешто четврто за да се впуштат на вакво патување. Не сакам да се закопам во анонимност. Луѓето од нашите подрачја и онака премалку патуваат од за сите познатите причини. На PCT до сега никој не бил од подрачјето на бишвите држави и сакав на поширок круг на луѓе да им ја покажам убавината која им е на дофат, и евентуално да охрабрам некој да тргне по моите стапки.

PCT

Колку е спортски и натпреварувачки одлуката да се впуштите на оваа тура?

Кај мене во самиот старт немаше никакви спортски побуди, ни најмалку. Не одам на планина да победувам. Така беше и на PCT, но со време, како се патува долго и се сретнуваат разни луѓе, знае да се случи дека не сакаш некој да те претрка или дојде пред тебе до градот. Но тоа се мали, смешни моменти кои доаѓаат и одминуваат. Самото доаѓање до Канада не е исклучиво спортски чин, туку пред се духовен подвиг.

PCT

Што ви даде ова патување, а што му дадовте вие него?

Патувањето ја распука маглата околу мене во која сум живеел. Луѓето кои глумеa љубезност се разбегаа како деца од ракови, ја открив својата вредност, своите можности, ја открив вредноста на слободата, вредноста на природата и важноста на екологијата, открив колку малку е потребно за вистински живот. Открив колку е човекот важен за да бидеме луѓе, открив колку е важно да се биде квалитетен човек. Открив дека вредноста се крие во мене, а не во другите луѓе или работите кои ги поседувам.

А на турата и дадов се што таа ми даде. Тоа е взаемно давање. Турата мене ми даде да станам подобра личност и со самиот тој факт и вратив во облик на освета, во борбата за почиста планета, изградба на други патеки, сведочење на бенефитите на thru hiking-от како и другите луѓе би почнале да ја ценат дивината.

PCT

Кој е thru hiker-от? Кој беше тој за вас на почетокот, а кој на крајот, односно сега?

Thru hiker-от е скитник, пронаоѓач на сам себе и сите оние што го прават да биде тоа што е. Тој е човек кој поминува низ повеќе лични лимеси во ништожноста на личната драма како би се видел себеси од поинаков агол и да дознае кој е.

Човекот на крај е истиот оној од почетокот, но со проширена свест, со побогат и поголем дух, поотворен. Разликата е што оној на почетокот не го гледа овој од крајот, а овој од крајот го гледа оној од почетокот.