
Достигнувања
Давид Лама за првото искачување на Лунаг Ри

На 25 октомври, светот беше сведок на долгоочекуваното достигнување - прво искачување на хималајскиот шестилјадик Лунаг Ри. Главниот лик во него е неприкосновениот Давид Лама кој само месец и нешто после соло искачувањето на врвот даде интервју за planetmountain.com за неговата експедиција.
За искачувањето
Стратегијата за искачување на Лунаг Ри, која Лама претходно ја изгради, не се разликуваше од таа во 2016 година, кога алпинистот мораше сам да се врати кон врвот поради влошената здравствена состојба на неговиот партнер Конрад Анкер.
Голем дел од искачувањето кон врвот на Австриецот е во текот на ноќта, поради намалената опасност од одрони на камења и лавини, која е поголема во текот на денот поради сонцето.
„Работите се случија многу подобро отколку што очекував. Стигнав до местото за бивак на изгрејсонце и го поминав остатокот од денот таму“, вели Давид Лама
Благодарение на познатиот терен и сеќавањата од претходните обиди за прво искачување на Лунаг ри во 2015 и 2016 година, алпинистот успеал да се справи брзо, дури и со најтешките делови иако ова се случуваше во текот на ноќта.
После денот за одмор сепак Давид Лама се судрил со тешките услови на планината, како силниот ветер кој создава поголемо чувство на студ. Тоа му ги попречило првичните планови да продолжи нагоре рано наутро. Алпинистот продолжил со качување веќе кога сонцето изгреало и во рамките на тој ден успеал да се искачи до претходното највисоко место до кое стигна за време на неговиот последен обид.
„Успеав да стигнам до 6800 метри, каде што уште еднаш бивакував“.
Конечниот напад кон врвот, Давид Лама го остварува по неискачената карпа во тој момент, што го доведе до највисоката точка на Лунаг Ри - 6907 метри во 10 часот изутрина.
Најголемиот предизвик
Студот е еден од најголемите предизвици со кои се справил Давид Лама за време на неговата експедиција. Тој самиот вели дека студот го комплицира движењето, особено во технички тешки делови.
Биланс
Искачувањето на Лунаг Ри, Давид Лама го опишува како прилично тешко во однос од некои други достигнувања во кариерата. Тој доаѓа до заклучок дека првото искачување на шестилјадникот е нешто големо и има големо значење за него. На прашањето дали алпинистот би отишол на ова искачување со друг партнер освен Конрад Анкер, Лама вели дека соло-искачувањето е најдобриот начин да се заврши проектот што го започнал пред неколку години.