За искачувањето на највисокиот врв во Јужна Америка и Аргентина, Аконкагва (6962 мнв.) пишувавме пред 2 недели, а денес пристигнаа и првите фотографии од експедицијата. Искачувањето траеше 12 дена, а симнувњето 3 дена. На експедицијата учествуваа 5 планинари, 3 од Србија и 2 од Македонија. Завршниот успон траеше 9 часа, а на врвот се искачија 4 планинари. Акцијата беше организирана од планинарското друштво „Предејане“ од Србија.