Секогаш со радост известуваме за нов успешен искачен врв! Во саботата наутро на 28 декември нашата планинарка и алпинистка Илина Арсова која беше дел од меѓународна експедиција, успешно се искачи на врвот Винсон 4892 мнв. на Антартикот.

Со ова искачување таа го заврши проектот „Seven Summits“, искачувајќи ги сите 7 највисоки врвови на 7-те континенти и стана првата македонка која ја комплетираше оваа листа.

Целиот тим кој се искачи уживаше во фантастично, но студено време, чисто и без ветер.

Честитки на сите! Им посакуваме безбедно враќање дома.

Ilina Arsova