Најдобриот хрватски скијач на сите времиња Ивица Костелиќ успешно ја заврши повеќе-неделната авантура на преминување на Гренланд, под екстремни услови.

Во друштво со словенецот Миха Подгорник стигнале на целта во селото Исорток на источниот брег на Гренланд на 30 април. Патот од 582 километри го поминаа за 18 дена, 10 часа и 52 минути.

IvicaMiha

Ивица и Миха се прва скијачка експедиција која го помина Гренланд оваа година во зимски услови, со температури до -34 степени и ветрови кои дувале преку 120 km/h, стои на Facebook профилот на Ивица.