За време на викендот на Еверест триумфираше Килиан Жорнет, кој го искачи врвот за 26 часа, додека на врвот се искачија и други 100тина планинари, а четири лица загинаа.

Шпанскиот тркач и ски-алпинист Килиан Жорнет е среде мисија да постави брзински рекорд на еден од највисоките исконски врвови на светот, кои тој ги нарекува Summits of My Life.

Заедно со францускиот режисер Себастијан Монтаж-Росет, тргнал од базниот камп кон Еверест по северната страна на планината во 22 часот по локално време на 20 мај, разгледувајќи четири различни насоки, но на крајот ја одбра традиционалната.

Killian Jornet

Искачувањето без дополнителен кислород или фиксни јажиња, Жорнет го направи за 26 часа. Да, тоа е рекорд. Обично искачувањето од базниот камп трае четири дена до врвот.

„До 7700 метри се чувствував навистина добро и напредував како што ми беше планирано, но потоа почнав да се чувствувам лошо, веројатно од стомачен вирус. Од тој момент бавно напредував и морав да паузирам за да се опоравам, но на полноќ пристигнав на врвот.“

Монтаж-Росет го придружуваше Жорнет до околу 8000 метри, па потоа се спушти до Горниот базен камп, а потоа се спуштил до 7000 метри за да се сретне со Жорнет на симнување.

Everest

После земјотресот во 2015 година, алпинистот Роланд Јервуд од Алабама се врати на планината во уште еден обид за искачување на највисокиот врв, но 51-годишниот лекар загина за време на својот обид.

Минатата недела планината беше зафатена од силни ветрови, а потоа прогнозата се подобри со што се обезбеди прозорец за добро качување во текот на викендот.

Јервуд загина на околу 8000 метри. Деталите за неговата смрт не беа достапни. Двајца други алпинисти загинаа од висинска болест, а еден падна по падините.

Hilary StepПостоеа спротивставени извештаи за статусот на Хилари степ (Hilary Step), познатата 12 метарска карпа која се наоѓа во близина на самиот врв Еверест.

Алпинистите го обвинуваат земјотресот од пред 2 години дека имал влијание врз карпата. После искачувањето на 16 мај, британскиот водич и шесткратен искачувач на Еверест, Тим Мосдејл напиша на Фејсбук, „Официјално е - нема ништо од Хилари степ. Не сум сигурен што ќе се случи кога нема да се формира снег на гребенот, бидејќи има некои големи блокови случајно наредени и ќе биде доста тешко за поминување.“

Сепак, официјални претставници од Непал го негираа ова.

Анг Тшеринг Шерпа, претседател на Непалската планинарска асоцијација, рече: „Ова е лажна гласина. Откако се појави оваа вест, проверивме со Шерпасите, планинарите и претставници од базниот камп, Хилари степ е неоштетен.“

Повеќе од 200 лица се искачија од петокот, со што вкупната бројка досега изнесува 250. Рекорден број одобренија за искачување се издадени оваа година - 375.