Шпанскиот тркач Килиан Жорнет го искачи Монт Еверест по втор пат без користење на дополнителен кислород, стои во изјавата што ја дал.

За ова искачување, Жорнет на 27 мај тргнал од Горниот базен камп (6500 мнв) и успеал да го искачи врвот за 17 часа на услови со многу ветер.

Од таму се вратил во Горниот базен камп каде се одмора со Себастиан Монтаж.

Претходно, Жорнет го искачи највисокиот врв во светот од Тибетска страна без помош на дополнителен кислород и фиксни јажиња ноќта меѓу 21ви и 22ри мај.

Низ овие 6 години, Жорнет патуваше низ светот поставувајќи рекорди на светски исконски врвови. Започна со Мон Блан во 2012 година и оттогаш има поставено рекорди на Мон Блан во Европа, Денали во Северна Америка и Аконкагва во Јужна Америка.