Оваа луда авантура која се одвива на Алпите, која ја следиме скоро 2 недели сеуште не е завршена, но имаме победник.

Неодамна, објавивме неколку новости за Red Bull X-Alps, за која мислиме дека е една од најеколошките натпревари на планетата. Тркачите трчаат по патеките и летаат низ неколку земји во Европа, почнувајќи од Салцбург и финишираат во Монако.

Во текот на трката, тие мора да поминат низ низа контролни точки, прво трчаат до врвот на планината, потоа го распакуваат својот параглајдер, и летаат колку што можат подалеку, и цел процес одново. Додека се на трката тие мора да носат се што им е потребно за да преживеат на својот грб.

Денес, првите двајца натпреварувачи финишираа, швајцарскиот тркач Кристијан Маурер прв пристигна во Монако, а неколку часа подоцна пристигна и французинот Бенуит Оутерс.

Маурер, кој и претходните пати го освоил овој настан, овој пат трката ја заврши за 10 дена, 23 часа и 23 минути, која е долга 1138 километри.

Едно од уникатните правила на X-Alps е дека во првите 48 часа, последниот натпреварувач е елиминиран од настанот, друг во следните 48 часа и се така. Ова е само поттик на конкурентите да се движат и да останат пред другите.

Трката, исто така, има тесен лимит и за финишот, кој трае до утре наутро до 10:50 часот по локално време во Монако. Во моментов, четири или пет натпреварувачи се борат да стигнат во Монако до овој лимит, но сеуште не е јасно колку од нив ќе го остварат. Околу шестмина би можеле да ја поминат целната линија, што би било рекорд на настанот.

Честитки за Маурер за победата во Монако. Повеќе за настанот може да ја посетите официјалната страница на Red Bull X-Alps и следете ги преостанатите тркачи во живо.