Четворица членови на српско-македонски тим успешно го качија највисокиот врв на Јужна Америка и Аргентина, Аконкагва пишува на официјалната веб-страница на планинарскиот клуб Предејане кој е организатор на оваа акција.

Еден член поради висока температура се откажа на Нидо де Кондорес 5.500 метри надморска височина. Моментно сме во базниот камп Плаза ди Мулас од каде што ќе се спуштаме кон Пенитентес и Мендоза - пишува за акцијата на оваа страна.

Планинарите искачувањето го започнале пред две недели, така што една недела било предвидено да се качуваат и исто толку да се симнат.

Водач на експедицијата е Зоран Павловиќ од Предејане, а учествуваат Македонците Златко Јаќовски и Љупчо Ѓоргиев, Новак Спасиќ од Белград и Дејан Милојевиќ од Младеновац.

Превземено од emagazin.mk