Крис Бертиш, сурфер на големи бранови, пред три месеци замина од брегот во Мароко со рачно изработена 6 метарска сурф-даска со весло во невозможна цел: да го помине цел Атлански океан. Дали успеал? Дали преживеал?

На 9 март, Бертиш го заврши своето поминување на Атлантикот кога пристигна на островот Антигва во Карипското море, и докажа дека невозможното е возможно.

Chris Bertish

Во четвртокот после 93 дена поминати на сурф-даската Крис пристигна на брегот на Антигва поминувајќи го Атлантикот. Соло и без поддршка од останати луѓе, во тримесечното патешествие поминал приближно 7500 километри, направи преку два милиони потези со веслото, надмина три светски рекорди и покрена речиси 500.000 долари за три хуманитарни организации: Signature of Hope Trust, The Lunchbox Fund и Operation Smile.

Chris Bertish

Во својот последен пост на Фејсбук, Бертиш напиша: „Последните 72 часа беа најмногу тест на речиси целото патешествие поради временските услови и агли за последниот пристап.“ Но, кога тој се приближи кон Антигва и го виде неговиот тим за поддршка после три месеци, обидите и страдањата избледеа во позадина.

Гледам дел од мојот тим, некои блиски пријатели, мојата партнерка и моите браќа и некои луѓе кои мавтаат со огромно знаме на Јужна Африка, почнуваа да врескаат и навиваат. Го подигнав моето весло со едната рака над главата и длабоко од себе испуштив лавовско рикање како во „Кралот на џунглата“, а тоа можеше да се слушне со километри во далечините... напиша Бертиш.

Chris Bertish

Иако тој се врати на копно, сеуште ќе биде ангажиран на проекти за преминување со сурф-даска кои ги има за следната година и пол. Тој ќе говори на настани за проектот, пишува книга и ќе продолжи да собира пари за одбраните добротворни цели.

Честитки за целиот проект и успешното завршување на Крис!