Денес во 08:58 часот по локално време, Нирмал Пурџа го искачи и последниот осумилјадарник од 14те, Шишпангма (8013 м). Со ова тој успешно го заврши својот историски проект „Project Possible - 14/7“ - искачување на сите 14 осумилјадарки за седум месеци.

Всушност, Нирмал го направи ова за точно 6 месеци и 6 дена. Несомнено ова е настан на годината во планинарењето.

Nirmal Purja

По многу превирања последните денови, алпинистот го достигна врвот, со што денес се прошири концептот за се е можно!

Членови на тимот беа Мигма Давид Шерпа, Галжен Шерпа и Гесман Таманг.