На 26 март, ултра-тркачите Рајан Сендс и Рино Гризел поставија нов рекорд за најбрзо поминување на Great Himalayan Trail. Трасата е долга 1400 километри, а двајцата атлети успеаа да ја поминат за 25 дена, 3 часа и 24 минути.

Времето за коешто Рајан и Рино успеале да го постигнат според GHT, за три дена го подобрија рекордот од претходниот, кој го направи Ендрју Портер во 2016 година, а неговото време беше 28 дена, 13 часа и 56 минути.

Great Himalayan Trail започнува од Хилс (на територијата на Непал) траверсира 1400 километри преку некои познати места на Хималаите, а завршува во Пашупатинагар (повторно на територијата на Непал).

Great Himalaya Trail

Еден дел од патеката поминува во близина на базниот камп на третиот највисок врв на светот - Кангченџунга. Тркачите таму наидоа на сериозни проблеми, како што се ниските температури, кои предизвикаа смрзнатини на некои делови од телото. Сепак, тие не се откажаа и продолжија.

Во текот на овие 26 дена, за остварување на рекордот, Рајан и Рено не носеа вреќи за спиење и опрема од тој тип. Двајцата атлети беа сместени во домовите на локалните жители кои беа пријателски настроени и доброволно им помагаа како можат, за тие да продолжат понатаму.