Во шпицот на алпинистичката кариера, австриецот од долината на Цилертал, се смета за еден од најпрогресивните алпинисти на сите времиња. Иако бил партнер во многу искачувања со славниот Рајнхолд Меснер - вклучувајќи го првото искачување на Еверест во 1978 година без дополнителен кислород, Хабелер успева да остане настрана од медиумското внимание и да остане една сосема приземна личност.

Со сегашната возраст изгледа Хабелер има уште доволно сила за да ги задоволи едно од најголемите алпинистички предизвици на територијата на Европа - северната стена на Ајгер или 1800 метри мешано качување, во случајот со тежина WI4 (средна), по насоката „Хекмајер“.

Ова е само второ искачување на Хабелер на ѕидот. Претходното е пред 32 години, во наврска со Меснер, со што става рекорд за брзинско искачување на Ајгер за само 10 часа. Истотака интересно е дека Хабелер денешното искачување го остварува со Давид Лама, еден од младите откритија на модерниот алпинизам, со само 26 години. Лама, за кого слушавме доста неодамна, исто така е од Австрија, од тиролската престолнина Инсбрук, која се наоѓа сосема блиску до Цилертал.

Родителите на младото момче се пријатели со Хабелер и го оставиле во рацете на алпинистот кога Лама бил на само пет години. Соодветно Хабелер е човекот кој го воведува Лама во качувачкиот свет. Многу години подоцна исконскиот алпинист го избира токму Лама за љубопитното враќање на Ајгер.