Рускиот тркач Александар Капер, кој сака да претрча ултрамаратон од руската престолнина до Пекинг, веќе претрчал негде околу 400 километри.

На почетокот на март, Александар го започнал овој маратон од Москва до Пекинг, според неговите зборови, во текот на трчањето редовно му се придружуваат истомисленици, без обзир на тоа дали се работи за професионални спортисти или аматери. Капер и сам смета дека е повеќе аматер отколку професионален маратонец.

Топло сум пречекан во бројни руски градови низ кои сум трчал. Засега искинав само еден пар патики, имам вкупно 25 на располагање, се надевам дека ќе бидат доволно до Пекинг  

Aleksandar Kaper

Многу внимателно и телемно се спремал за ова патешествие. По пат го следи цела екипа на „куќа на тркала“ каде после напорниот ден тој може да ужива во целосен комфорт, бидејќи во возилото има шпорет, фрижидер, туш кабина. Но тука се и снимателите, фотографите, како и директорот на проектот.

Секојдневно Капер претрчува околу 35 километри, а во слободно време се занимава со учење кинески и разговара со други спортисти.

Секојдневно учам десетина нови кинески зборови, за да би можел да разговарам со луѓето кога ќе стигнам во Кина  

Aleksandar Kaper

Александар Капер е роден во Чита, во 1981 година, пред да се пресели во Москва живеел во своето родно место во источен Сибир и работел во јавното обвинителство. Член е на Руското географско друштво и минатата година истрчал Маратон во име на мирот, повеќе од 150 километри, во областа Донбаса каде се одвивале воени дејствија.

Капер има намера да премине 8000 километри преку територијата на Русија, Монголија и Кина. Секој кој го сака тоа, може да го следи рускиот тркач преку онлајн пренос сите 200 дена на неговиот сајт.