Алекс Хонолд се занимава со еден од најопасните екстремни спортови - слободно качување.

Овој авантурист ги освојува карпите ширум светот, буквално со голи раце.

Во декември минатата година, 31 годишниот Хонолд без никаква заштита ја освои една од најопасните карпи Bear's reach, која е висока околу 125 метри.

Застрашувачки изгледаат снимките кои се направени за да се овековечи овој потфат.

Хонолд карпаата ја освои за четири минути и 15 секунди.

Тоа го направи за да оддаде почит на првиот и досега единствен човек кои успеал тоа да го направи - Дени Осман, кој загина во 1989 година, после пад од една карпа на американските планини.

Хонолд беше облечен како Осман, носеше и перика, а од својод идол се качи за 10 секунди побрзо, ризикувајќи го својот живот со секое движење, како и безбој пати досега.