Стоилко Стоицев од ПК „Македон“ од Скопје, Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски од ПК „Мамути“ од Прилеп се тројцата Македонци кои денес успеаа да се искачат на највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва (6962 мнв) на Андите.

Воедно Стоилко со овој подвиг стана првиот Македонец, а втор во светот кој успеал да се искачи на Аконкагва со инвалидитет односно оштетен вид до 90%.

Сите се во добра состојба вратени во базниот камп, а за неколку дена ги очекуваме дома.

Оваа експедиција беше во организација на ПК „Предејане“ од Србија. Честитки за сите учесници, им посакуваме уште многу вакви успеси во иднина!