Марго Хејз со нејзиното искачување на насоката Ла Рамбла во Сируана, Шпанија на 26 февруари ја испиша историјата - стана првата жена што искачила насока со тежина 9а+/5.15а. 19 годишната Марго од Болдер, Колорадо помина седум дена во проектирање на плановите за искачување на насоката со тежина 5.15а.

Ла Рамбла прв пат беше искачена од Александар Хубер во 1994 година, и во тоа време беше оценето дека е најтешката спортска насока во Шпанија. 45 метарската насока доби светска препознатливост и атракција од најпознатите качувачи ширум светот.

Во прилог следува краток трејлер од искачувањето на Марго на оваа насока, а наскоро и цел филм.