Запознајте го Тајлер Армстронг, 13 годишен алпинист кој има желба да проба да ги искачи сите од Седумте Врва во светот. На 13 годишна возраст тој има искачено четири од сеумте врва на светот, штотуку се искачил на Аконкагва, Килиманџаро, Елбрус и Денали, и се надева дека ќе го искачи Монт Еверест оваа пролет.

Но владата на Непал ја одби неговата дозвола за овој потфат поради неговата возраст, па така тој се одлучи да оди на друго место.

Во ова видео ќе имате можност да го видите Тајлер во елемент како се спрема за искачувањето на Денали во Алјаска, планина која ја искачи минатата година.

Мислам дека ќе се сретнете со надежен, фокусиран и искусен алпинист кој ќе ве импресионира со својот фокус и одлучност.