Бразилската ултра-тркачка Фернанда Масиел постави нов брзински рекорд на Килиманџаро, највисоката планина во Африка. Таа се искачи на 25 септември, и не само што постави нов рекорд, туку го сруши стариот.

Британски велосипедист го сруши досегашниот Гинисов светски рекорд кога прв пат околу светот, околу 29.000 километри, ги помина со велосипед за помалку од 80 дена.

Борис Јаневски, 22 годишно момче од Скопје, кое во параглајдинг светот влезе пред точно година дена, со голема мотивација и тренинзи за 365 дена успеа да допре до акробатските маневри во параглајдингот.

Минатата недела, на 21 јуни, летната пресвртница се случи во Северна Америка. Тоа е најдолгиот ден во годината, а при прославувањето BASE скокачот Мајлс Даишер постави нов светски рекорд, со што направи 63 скокови во рок од 24 часа.

Александар Кирковски го подобри својот рекорд за искачување и симнување на Титов Врв преку Вакуфската патека. Тој денеска ја истрча патеката од скоро 21 км (должина на полумаратон) за само 2 часа 12 минути и 3 секунди. Тое е подобрување за повеќе од 7 минути. Претходно ни најави дека за брзо ќе се обиде да истрча испод 2 часа и 15 минути, подвиг кој претходниот пат поради лошата патека му беше оневозможен.

Качувачката историја се испиша во саботата рано изутрина кога 31-годишниот професионален качувач Алекс Хонолд го искачи Ел Капитан, слободно качување без дополнително обезбедување, во Националниот парк Јосемити во САД.

Оваа сезона продолжува со импресивните достигнувања од Еверест. Откако шпанскиот ултратркач Килиан Жорнет го искачи двапати во рок од една недела за ултра брзо време, без употреба на кислород, сега доаѓа веста од индијската алпинистка Аншу Џамсенпа, која стана првата жена која успеала да го искачи највисокиот врв на планетата двапати во рок од пет дена.

Иако два дена после марш на кој учествувале 800 души на влажен терен патеките сеуште се сериозно оштетени и калливи, сепак денес Александар Кирковски постигна личен, а можеби и целокупен рекорд за брзинско искачување (трчање) на највисокиот врв на Шар Планина – Титов Врв.

Последни вести

Facebook

Барај