Овој викенд (29.01.2017) во организација на планинарскиот клуб „Македон“ беше организирана акција на искачување на врвот Пелистер (2601 мнв.) по патеката која води преку Камењарот.

На 29 јануари утрото околу 6:30 часот 11-члената група планинари од планинарското друштво „Македон“ во придружба на уште тројца планинари од ПСК „Пелистер“ тргнаа од хотелот Молика нагоре.

Патеката нагоре беше прилично разгазена со стегнат снег по која се движеа. До врвот пристигнаа за околу 5 часа, а надолу се враќаа по ловечката патека, поради магла, ризично ќе беше враќање повторно по Камењарот надолу.

Во прилог следуваат неколку фотографии и видео запис од акцијата.

{gallery}blog/od-visocinite/pelister-29-01-2017{/gallery}