Параглајдингот е еден од најлесните начини да се оствари сонот на човекот да лета. Затоа без обѕир што е релативно нов, овој адреналински спорт многу брзо стана популарен. Интересот за параглајдинг интензивно се шири, особено во последните петнаесет години, денес го достигна врвот на спортското воздухопловство.

Се што ви треба за параглајдинг е добра волја и малку слободно време, а за возврат ќе бидете наградени со големи адреналински авантури, предизвиците пред кои летањето со параглајдер ве става, како и можноста да уживате во преубавите погледи кои се создаваат над местата над кои летате. Кои се најдобри места за параглајдинг на стариот контитент? Ќе ви предложиме некои од нив.

Шамони, Франција

Шамони е оддалечен само 50 километри источно од долината во која во 1974 година настана параглајдингот. Спортот брзо се разви во Шамони, благодарејќи на значајниот економски развој. Благодарејќи на високото ниво на сигурност, професионалните инструктори и перфектните климатски услови, Шамони е идеално место за почетници во параглајдинг. Истотака, постои можност да се лета во тандем со квалификувани пилоти кои ќе ви пружат можност да ги искусите Алпите од една потполно поинаква перспектива.

Спектакуларниот регион околу Шамони е „мека“ за планинско летање. Добрите температури, високите заледени врвови на Мон Блан кои се како стражари во округот на долината Шамони ја прават оваа област една од најдобрите светски параглајдинг дестинации.

Тирол, Австрија

Качете се на брдото, раширете го параглајдерот и почестете се себеси со една врвна адреналинска забава. Додека летате со параглајдер над Тирол, лебдејќи низ чистиот планински воздух, ќе ги видите сите убавини на ова планинско подрачје од птичја перспектива.

Локации за полетување и слетување има многу, но некои од нив се издвојуваат по својата посетеност. Во последните неколку години најпопуларно место за параглајдинг на Тирол е областа Вилдер Каисер.

Интерлакен, Швајцарија

Високото ниво на сигурност и добрите услови во текот на целата година, како и разните дополнителни можности прават љубителите на параглајдингот да го обожаваат Интерлакен. Ова е совршено место за оние кои сакаат да вежбаат летање, вклучувајќи и летови во тандем.

Додека ги надлетувате грандиозните Алпи, може да ги набљудувате сите убавини на овој планински крај, идиличните висорамнини и преубавите езера, а посебно доживување претставуваат скоковите со падобран кои прават вистински адреналински шок.